Македонија
Николовски: Да се почитува одлуката на МСП и Македонија да влезе во НАТО
Македонија очекува почитување на одлуката на Меѓународниот суд на правдата во Хаг и покана за членство во НАТО на самитот во Чикаго, рече пратеникот Александар Николовски во обраќањето пред Парламентарното Собрание на Советот на Европа во Стразбур.
Македонија очекува почитување на одлуката на Меѓународниот суд на правдата во Хаг и покана за членство во НАТО на самитот во Чикаго, рече пратеникот Александар Николовски во обраќањето пред Парламентарното Собрание на Советот на Европа во Стразбур.
Пред вкупно 636 пратеници од 47 земји-членки, Николовски, во својство на шеф на македонската делегација, го информираше ПС на СЕ за одлуката на судот по однос на тужбата поднесена од Македонија за непочитување на Времената спогодба од страна на Грција и блокадата за членство во НАТО во април 2008 година.
Тој нагласи дека Судот го прифати аргументот на Република Македонија дека Грција го прекршила членот 11 ставот 1 од Времената спогодба од 1995 година, со блокирањето на членството во НАТО што значи дека правно Грција не смее да го попречува членството во НАТО, исто така информирајќи за мислењето на Судот дека заради истата причина Грција го блокира и процесот на приближување на Република Македонија кон ЕУ.
Пратеникот Николоски истакна дека и покрај ваквата одлука на Судот Грција не покажува намери за решавање на спорот и почитување на одлуката на Судот.
Подвлече дека Грција ја одби последната иницијатива на специјалниот пратеник на Генералниот секретар на ООН, Метју Нимиц за средби со двете страни со цел наоѓање решение на спорот.
Исто така, Николоски информираше дека на самитот на НАТО во Чикаго, во мај годинава, Македонија очекува почитување на одлуката на Судот и покана за членство во НАТО.
Повика на поддршка од страна на пратениците во ПС на СЕ нагласувајќи дека одлуките на Судот досега редовно биле почитувани како гаранција на меѓународниот поредок и меѓународното право. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот локален дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има услови за повремен локален дожд. Претпладне тивко, а попладне ќе дува слаб до умерен ветер во западните делови од западен, а во источните и долж Повардарието умерен повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, ончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен денеска кон крајот на денот кога ќе има услови за слаб локален дожд. До петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието. Од петок ветерот ќе го смени правецот во југоисточен. За време на викендот облачноста ќе се зголеми.
Македонија
Делови од четири скопски општини денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради изведување на водоводен приклучок на ул.Борис Трајковски 212, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица (место викано Каменик). Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности, општина Кисела Вода;
· поради изведување на водоводен приклучок ф-150 мм на ул.Варшавска 4, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Варшавска и дел од бул.8-ми Септември. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со работните активности, општина Карпош;
· поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на ул.Боца Иванова бб(за АБЦ Комерц), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Боца Иванова,Томе Пуре, Душко Поповиќ, Александар Бујнов, Бетовенова и дел од Петар Манџуков. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со работните активности, општина Бутел;
· поради изведување на водоводен приклучок ф-80 мм на ул.20 –ти Октомври 44 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности, општина Центар.
Македонија
Одронот е исчистен, сообраќајот на автопатот Скопје – Велес се одвива нормално
Во 20:38 часот на патниот правец Скопје-Велес, тунел Бадар, одронот е исчистен и сообраќајот се одвива нормално, информира АМСМ.
Претходно, од таму информираа дека сообраќајот се одвива по една лента поради одрон во тунелот.

