Македонија
Јолевски и Колоски – личности на годината според „Оро Македонско“

Амбасадорот во САД, Зоран Јолевски и претседателот на Обединетата Македонска Дијаспора, Методија Колоски се добитници на признанието „Личност на годината“ за 2011 година на радио-програмата „Оро Македонско“ од Детроит.
Амбасадорот во САД, Зоран Јолевски и претседателот на Обединетата Македонска Дијаспора, Методија Колоски се добитници на признанието „Личност на годината“ за 2011 година на радио-програмата „Оро Македонско“ од Детроит.
Според образложението, Јолевски го добива признанието за успешното водење на разговорите во врска со спорот со името, додека Колоски за посебни заложби во афирмацијата на Македонија во институциите на САД.
Изборот се одржа на 21-ви јануари преку гласање на слушателите на програмата, а беше организиран по повод 40 години од постоењето на радио-програмата. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја денеска дел од Шуто Оризари

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од потрошувачите на и улиците Тиквешка, Демир Хисарска и улица Хаџи Јован Шишков, општина Шуто Оризари.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

ЦУК известува дека денеска поради дефект на приклучна цевка од ф-1“ на улицата Охридска 50, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од на дел од улица Охридска и дел од улица Петричка, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 20 l/m²), засилен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град.
Во Скопје, променливо облачно, попладне и во текот на ноќта нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме.
Времето во наредните денови
Утре и во четврток времето ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 20 l/m²), засилен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град. Потоа следува период на претежно стабилно време со слаб до умерен северен ветер.