Македонија
Груевски на средба со Расмусен, обраќање пред Северноатланскиот Совет
Премиерот Никола Груевски денеска ќе престојува во посета на седиштето на НАТО во Брисел, каде е предвидено да се сретне со Генералниот секретар на организацијата, Андерс Фог Расмусен.
Премиерот Никола Груевски денеска ќе престојува во посета на седиштето на НАТО во Брисел, каде е предвидено да се сретне со Генералниот секретар на организацијата, Андерс Фог Расмусен.Исто така, предвидено е Груевски да има свое обраќање пред Северноатланскиот совет како највисоко политичко раководно тело на организацијата.Се очекува на средбите да стане збор за позициите на Македонија пред одржувањето на самитот во Чикаго во мај, а во контекст на декемвриската пресуда на Меѓународниот суд на правдата во Хаг.Претходно Груевски порача дека земјата максимално со своите капацитети е вклучена во остварувањето на стратешките цели – членство во НАТО и ЕУ.„Независно што постојано искажуваме незадоволство од она што се случува од страна на Грција, а имаме причина за тоа, затоа што тие избегнуваат средби и не сакаат решение за проблемот, ние сме максимално активни и работиме колку што е можно на сите полиња, од сите можни страни да придонесеме да се смени ситуацијата, Република Македонија да успее во напорите за влез во НАТО и почеток за преговорите со ЕУ, иако тоа не е едноставно прашање, бидејќи се работи за ситуација во која Грција е во ЕУ и НАТО и ги има сите права како член, вклучувајќи го и правото на вето“, рече Груевски. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот локален дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има услови за повремен локален дожд. Претпладне тивко, а попладне ќе дува слаб до умерен ветер во западните делови од западен, а во источните и долж Повардарието умерен повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, ончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен денеска кон крајот на денот кога ќе има услови за слаб локален дожд. До петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието. Од петок ветерот ќе го смени правецот во југоисточен. За време на викендот облачноста ќе се зголеми.
Македонија
Делови од четири скопски општини денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради изведување на водоводен приклучок на ул.Борис Трајковски 212, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица (место викано Каменик). Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности, општина Кисела Вода;
· поради изведување на водоводен приклучок ф-150 мм на ул.Варшавска 4, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Варшавска и дел од бул.8-ми Септември. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со работните активности, општина Карпош;
· поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на ул.Боца Иванова бб(за АБЦ Комерц), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Боца Иванова,Томе Пуре, Душко Поповиќ, Александар Бујнов, Бетовенова и дел од Петар Манџуков. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со работните активности, општина Бутел;
· поради изведување на водоводен приклучок ф-80 мм на ул.20 –ти Октомври 44 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности, општина Центар.
Македонија
Одронот е исчистен, сообраќајот на автопатот Скопје – Велес се одвива нормално
Во 20:38 часот на патниот правец Скопје-Велес, тунел Бадар, одронот е исчистен и сообраќајот се одвива нормално, информира АМСМ.
Претходно, од таму информираа дека сообраќајот се одвива по една лента поради одрон во тунелот.

