Македонија
Сараќини во посета на Бугарија

Министерот за економија на Република Македонија Ваљон Сараќини денеска треба да отпатува во работна посета на Бугарија, соопшти неговиот кабинет.
Министерот за економија на Република Македонија Ваљон Сараќини денеска треба да отпатува во работна посета на Бугарија, соопшти неговиот кабинет.Сараќини заминува за Софија на покана на министерот за економија, енергетика и туризам на Република Бугарија Трајчо Трајков, со кого е предвидено да оствари билатерална средба.Според најавата, на средбата ќе биде разгледана билатералната трговска соработка меѓу двете земји, како и можностите за интензивирање на соработката во енергетскиот и туристичкиот сектор и поволностите за инвестирање во двете земји. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Обвинителството поведува постапка за проверка на 11 лица, за осум веќе е поднесен предлог за краткотраен притвор

Обвинителството до овој момент поведува постапка на проверки за вкупно 11 лица.
Од нив предлог за краткотраен притвор е веќе поднесен за 8 лица, додека останатите 3 се уште се хоспитализирани во потешка здравствена состојба, истакнуваат од таму.
„Постапката во однос на нив ќе продолжи веднаш кога состојбата ќе им се подобри. Дејствија продолжуваат да се преземаат за испитување на одговорност на повеќе лица“.
Македонија
Сопственици на апартмани во Солун и Неа Каликратија во Грција им понудија бесплатно сместување на родителите на повредните пренесени на лекување во Солун

Сопственици на апартмани во Грција им понудија бесплатно сместување на родителите чии деца се пренесени на лекување во Солун. На социјалните мрежи тие споделуваат телефонски броеви на кои може да се јават родителите и роднините на повредените деца за да побараат сместување. Понуденено е сместување во Неа Каликратија, оддалечена триесеттина километри од Солун и во Солун.
Попладнево министерот за здравство Арбен Таравари извести дека на лекување во Солун се испратени тројца повредени во пожарот во дискотеката во Кочани.
На лекување во странство се испратени вкупно 47 пациенти. Покрај тројцата во Солун, 14 повредени се испратени во Бугарија, од кои во Софија се осуммина, во Пловдив се тројца и во Варна се упте тројца. Во Белград е испратен еден пациент, во Ниш еден, во Истанбул тројца пациенти, а со авион најави дека вечерва ќе одат уште шестмина. Договорено беше вечерва четворица пациенти да бидат пренесени во Хрватска и уште 15 во Белград.
Македонија
Медицински експерти од Израел на пат за Македонија за да помогнат по трагедијата во Кочани

Министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саар го информирал шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски дека израелски медицински експерти патуваат во земјава за да помогнат.
Во објава на Икс, Саар исто така изразува сочувство за страшната трагедија во која загинаа повеќе од 50 лица, а десетици беа повредени во пожарот.
„Израел стои зад Северна Македонија во овие тешки моменти“, се наведува во неговата објава на платформата Икс, каде што беа објавени и знамињата на Израел и Северна Македонија.
Муцунски му се заблагодари на Саар преку објава на X, истакнувајќи: „Во овие тешки моменти, солидарноста на нашите партнери и пријатели е навистина непроценлива за нас“.