Македонија
Два тона нафта украдени од струшко училиште

Непознат сторител ноќта меѓу 24-ти и 25-ти јануари од основното училиште „Св. Климент Охридски“ во струшко Драслајца украл два тона нафта, апарат за заварување, бормашина, гарнитура клучеви, информираат од полицијата.
Непознат сторител ноќта меѓу 24-ти и 25-ти јануари од основното училиште „Св. Климент Охридски“ во струшко Драслајца украл два тона нафта, апарат за заварување, бормашина, гарнитура клучеви, информираат од полицијата.
Вкупната штета се проценува околу 154 илајди денари. Непознатиот сторител насилно го отворил прозорецот од помошниот објект во училиштето, влегол и од цистерната ја извадил нафтата што се користела за греење, а од соседната просторија ги одзел останатите предмети и побегнал.
Струшката полиција работи на пронаоѓање на сторителот. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Обвинителството досега најде 14 одговорни за трагедијата во Кочани, се бара краткотраен притвор за сите

Четиринаесет лица се прцесуирани и за нив Обвинителството ќе бара краткротраен притвор, информираше државниот обвинител, Љупчо Коцевски. Во моментов и градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов, кој претходно поднесе оставка, е во зградата на Обвинителството и дава исказ.
Тој рече дека обвинителскиот тим е проширен на 9 јавни обвинители, кои интензивно постапуваат со обезбедување докази за трагедијата со која се соочи Кочани и цела Македонија поради сложеноста и тежината на настанот.
„Вчера и денес се издадени многу наредби и дејствија. Меѓу нив, на лице место се издадени 59 наредби за обдукции, наредби за обезбедување видео материјали, обезбедување на документација од правен субјект, вештачење мобилни телефони. Со наредби обезбедни преку ЈО се извршени претреси во Министерството за Екомонија и две други институции“, рече Коцевски.
Полицијата е овластена да го уапси било кој кој придонел кон настанување на катастрофалните последици, со своето постапување или непостапување.
Обвинителството итно побарало да бидат вклучени и градежна и трудова инспекција. Ангажирани се и вештаци од висоокообразовна установа.
„Цениме дека овие констатации се она што ќе го означи целото постапување. Показатели за непостапување има уште кога овој обкет бил пуштен во употреба и работел. Бидејќи постои централизирано дело во инспекциските служби, ќе биде испратено барање до инспекцискиот совет за лоцирање на одговорност чие постапување или непостапување довело до овој исход“, рече Коцевски.
Како што посочи, Обвинителството ќе мора да се справи со „прогледувањето низ прсти“ од било кој мотив.
„Ветувам дека истрагата ќе биде брза, ефикасна и сите кои сториле инкриминирани дејствија ќе одговараат. Ги разбирам граѓаните за гневот кој го чувствуваат, но апелирам во ова време смирено да се обединиме, виновниците да одговараат“, рече тој.
Одговорноста засега ќе се оценува низ делото: „тешки дела против општата сигурност“, со што се предвидува казна затвор од најмалку 3 до најмногу 20 години.
Коцевски рече и дека сите шпекулации за потенцијални ефекти на измените на кривичниот законик ги отфрла како неосновани и манипулативни.
Тој објсни дека јавноста не смее да се доведе во заблуда дека се одредуваат притвори од 48 часа, а не повеќе.
„Мерката краткротраен притвор е за обезбедување присуство на лицата, а се предлага во сложени предмети кога е потребно да се обезбедат докази. Може најмногу да биде одредена мерка најмногу два пати по 48 часа, што му овозомжува на обвинителот да го задржи лицето подолго од 24 часа. Смислата е јавниот обвинителд а има доволно време да ги преземе сите активности и да ги утврди фактите и околностите. Потоа се предлагаат нови мерки и краткотрајниот притвор се заменува со редовен притвор. Ваква мерка е предложена за 8 лица, а три се хоспитализирани. Ќе продолжи кога ќе им се подобри здравствената состојба“, појасни Коцевски.
Рече дека на обвинителскиот тим му претстојат уште неколку дена за да ги обезбеди сите докази за истражна постапка.
Македонија
Вучиќ ги посети повредените од пожарот во дискотеката од Македонија: Ќе биде добро, лекарите велат да не се грижите

Српскиот претседател Александар Вучиќ ги посети повредените во пожарот од дискотеката во Северна Македонија кои се на лекување во Клиничкиот центар на Србија.
„Ќе биде добро. Лекарите велат да не се грижите“, му кажа претседателот на еден од повредените, кој лежи во болнички кревет покриен со завои.
– Ви благодарам, тие се одлични лекари – одгови младиот пациент.
„Само држете се, ви посакувам се најдобро, не плачете, ќе бидете добро“, и рече претседателот на девојка додавајќи дека состојбата е донекаде сериозна, но нејзиниот живот не е во опасност.
„Имав можност да ги посетам луѓето кои беа повредени во страшната трагедија во Македонија. Тука лежат 9, во КЦС“, забележа тој на почетокот.
– Степенот на изгореници се движи од 4 проценти до многу повисоко ниво, за да не се исплашат семејствата. Најголем проблем за неколку пациенти се повредите на белите дробови. Но, тука. Невозможно е да се најдат подобри услови некаде во Европа. „Ќе ни дојдат уште 12 пациенти, со што вкупниот број ќе се искачи на 29“, нагласи Вучиќ.
„Уште еднаш изразувам сочувство до братскиот македонски народ“, рече тој.
Слушнавте, потсети претседателот, млад човек на триесет години кој рече „само да можам ова да го преживеам“.
Во Србија синоќа пристигнале 17 повредени, а се очекува да пристигнат уште 12.
Македонија
На протестот во Кочани демолирано кафулето на сопственикот на дискотекта „Пулс”

Ескалира протестот во Кочани на кој се бара правда за загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“.
Во еден момент, дел од групата упадна и во кафулето „Класик“ кое е во истата сопственост на нелегалната дискотека и го демолира.
Претходно, пред општинската зграда, голем број граѓани на Кочани се собраа и побараа правда за жртвите. Го повикуваа градоначалникот, Љупчо Папазов, кој поднесе оставка да излезе од зградата, а дел од присутните маваа со камења. Собраните извикуваа „Убијци“ и „Секој еден може да биде следен!“.
Во СВР Скопје и СВР Тетово, за случајот, се приведени 5, а во Штип 13 лица, меѓу нив и три лица од Државниот пазарен инспекторат, едно лице од Инспекторатот за труд, сопственикот на објектот, членови на обезбедувањето, сопственикот на агенцијата за обезбедување, продавачот на карти и други лица вработени во објектот. Одреден е краткотраен притвор за 11 лица.