Македонија
Министерот Ивановски во посета на Куманово

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски денеска ќе го посети Куманово, каде е предвидено одржување на јавна трибина со претставници на бизнис заедницата од општината.
Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски денеска ќе го посети Куманово, каде е предвидено одржување на јавна трибина со претставници на бизнис заедницата од општината.Планирано е Ивановски да ги презентира активностите предвидени во рамки на четвртата фаза од регулаторната гилотина – „Предност за малите претпријатија“. Предвидени се и средби со директорите на јавните претпријатија пред кои ќе се презентира значењето на новите измени во Законот за државни службеници и Законот за јавни службеници. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Делови од Сарај, Кисела Вода, Гази Баба, Илинден и Чучер Сандево денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска, без напојување со електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 до 09:30 часот, корисниците од дел од с. Кондово. (Општина Сарај)
· од 09:00 до 11:0 часот, корисниците од дел од ул. Киро Фетак во нас. Драчево. (Општина Кисела Вода)
· од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од ул. Благоја Стефковски, (во околина на куќен бр. 20). (Општина Гази Баба)
· од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од објектите во месноста Бела Земја во нас. Илинден. (Општина Илинден)
· од 09:00 до 17:00 часот, корисниците од Викенд населбата и селото Побожје. (Општина Чучер Сандево)
· од 10:00 до 14:30 часот, корисниците од дел од село Кучевиште. (Општина Чучер Сандево)
· од 11:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Христио Татарчев – подулица бр.14. (Општина Кисела Вода)
Македонија
Утрото студено, преку денот претежно сончево

Утрото студено, преку денот времето ќе биде претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до -2, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, претежно сончево со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Времето во наредните денови
Денеска и во петок времето ќе биде претежно сончево со пораст на дневните температури, додека утринските насекаде ќе бидат негативни. Од сабота облачноста ќе се зголеми, а во недела кон крајот на денот и во првите денови од следната седмица се очекуваат локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер.
Македонија
Уште еден земјотрес вечерва во Струмица

Втор земотрес вечерва ја погоди Струмица, во 20 часот и 41 минута.
Потресот е со јачина од 2 степени според Рихтеровата скала.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Струмица и околината.
Пред само неколку часа, во Струмица беше почувствуван земојотрес од 2,8 степени.