Македонија
Арифи: Не отидов во Атина за да го прашам Пангалос зошто ме примил
Јас не отидов во Атина за да го прашам грчкиот вицепремиер Теодорос Пангалос зошто ме примил на разговори, туку отидов, ако можам, или ако можеме сите заеднички, да го направиме полесен процесот на евроинтеграции на нашата земја и да разговараме за многу прагамтични и конкретни прашања.
Јас не отидов во Атина за да го прашам грчкиот вицепремиер Теодорос Пангалос зошто ме примил на разговори, туку отидов, ако можам, или ако можеме сите заеднички, да го направиме полесен процесот на евроинтеграции на нашата земја и да разговараме за многу прагамтични и конкретни прашања.
Ова денеска го изјави вицепремиерката за европски прашања Теута Арифи, по реакциите во јавноста дека грчките политичари се среќаваат единствено со албанските политичари од Македонија, додека средбите со македонските ги одбиваат.
„Мислам дека целиот пристап што го имам јас е пристап во име на сита граѓани. Не би сакала да помислам дека настапот на другите министри во Владата кои работат на меѓународна и надворешна политика е само етнички пристап. Тој пристап е за доброто на сите граѓани. Не би пристапила на тој начин, едноставно јас покажував и ќе продолжам да покажувам иницијативност, не само за овој контакт, туку и за други работи, бидејќи мислам дека ние треба да покажеме иницијативност, затоа што членството во НАТО и во ЕУ е од наш интерес“ вели Арифи.
Според неа, по оваа средба може да отвори можност за други средби. Арифи вели дека на средбата со Пангалос разговарале за прашањето за името и вели дека оваа посета може да ја подобри атмосферата меѓу двете земји, имајќи предвид дека Македонија покажала конструктивност во однос на ова прашање.
„Мислам дека е многу битно да креираме една добра атмосфера во целиот процес, и целиот спор што го имаме“, изјави Арифи.
Таа му го предала писмото на Пангалос што му го испрати македонскиот премиер Никола Груевски за средба со неговиот колега Лукас Пападимос, а реакциите на ова писмо се очекуваат подоцна.
Таа вели дека доаѓањето на медијаторот Метју Нимиц во Скопје и во Атина би било позитивно, но не ја исклучива можноста Македонија да ја посети и вицепремирот на Грција, Пангалос. /крај/мф/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одронот е исчистен, сообраќајот на автопатот Скопје – Велес се одвива нормално
Во 20:38 часот на патниот правец Скопје-Велес, тунел Бадар, одронот е исчистен и сообраќајот се одвива нормално, информира АМСМ.
Претходно, од таму информираа дека сообраќајот се одвива по една лента поради одрон во тунелот.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката за домашен притвор на Груби е на обвинителството со 2 отсто доверба
Правда мора да има и таа мора да биде неселективна и конечна. Одлуката за домашен притвор е на обвинителството. Истото она со 2 посто доверба и за кое СДС се бореше да биде несменето до последниот здив. Сите забелешки може да ги испратат до таа адреса, и до омилените на Венко обвинители, велат од ВМРО-ДПМНЕ, по одлуката на скопското обвинителството да побара замена на мерката притвор со куќен притвор за Артан Груби.
„СДС треба да се договори со себе бидејќи се исклучително недоследни. Изутрина тврдат дека ДУИ одработува за ВМРО-ДПМНЕ, а сега дека е обратно. А всушност СДС се вистински во паника затоа што нивниот криминоген другар Артан Груби може да проговори за сите ортачки криминали на владите на Зоран и Вице, на Венко и Ковачевски, за бизнисите на Зечевиќ. Зошто врхушката на СДС денес заседаваше и “вртеше” телефони интересирајќи се за исказот на Артан Груби во обвинителство. Ова е и причината зошто СДС во случајот со Груби се однесува по логиката иста на онаа: “лопов вели држете го лоповот”. Црната кутија за криминалите на СДС и ДУИ падна. Прашање на време е кога “исплашените” од СДС ќе му прават на судските клупи друштво на Артан Груби“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Куќниот притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, велат од СДСМ
Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, сметаат од СДСМ. Според партијата, затоа судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.
„Дилот ВМРО–ДУИ се спроведува пред очите на јавноста. Прво со договореното враќање и режираното снимање на граничниот премин. Не работеа камерите кога Груби си замина преку граница, слободно, со пасош, иако бил на стоп-листата. Но, за договореното враќање на Груби камери има на секој чекор – од граница, пречек, па сè до Обвинителството и Судот. Потоа следуваше веќе подготвената кампања по медиумите под контрола на Орбан, а сега и одлуките за куќен притвор. Ако некој еднаш избегал од државата, зошто му се одредува куќен притвор?“, прашуваат од СДСМ.
Од таму велат дека ништо не е случајно и останува само да видиме која е цената.
„Пеш преминал преку граница и побегнал. А бил на стоп-листа. Сега, после 14 месеци бегство – се враќа и му се одредува куќен притвор. На кого уште не му е јасно ова сценарио? Ништо не е случајно. Ова е дел од договорот меѓу ДУИ и ВМРО-ОКГ. Останува само да видиме која е цената“, велат од СДСМ.

