Македонија
Спасени вредните икони во црквата „Свети Никола“
Атмосферата во струшко е мирна, но се чувствува напнатост, особено во село Лабуништа, каде што синоќа беше опожарена црквата Св. Никола.
Атмосферата во струшко е мирна, но се чувствува напнатост, особено во село Лабуништа, каде што синоќа беше опожарена црквата Св. Никола.
Огнот започнал од помошната просторија во која се чувале огревни дрва, од каде се проширил во трпезаријата и ја зафатил дрвената потпокривна конструкција на објектот.
За среќа пожарот бил брзо локализиран со што се спасени иконостасот и вредните икони, меѓу кои и оние на Антониј Монах од 1820 година,јавува Ohridnews.
Гасењето на пожарот било отежнато поради непристапниот терен, а борбата со огнот траела до раните утрински часови.
„Постоеше опасност пожарот да се прошири во целиот објект бидејќи покривот е од ламперија“ изјави Урим Каба, раководител на ТППЕ Струга.
Полицијата ги истражува причините за пожарот и евентуалната поврзаност на настанот со серијата инциденти кои се случија по јавно искажаниот револт на муслиманските верници кон организаторите на карневалот во Вевчани поради истакнување на маски со кои се навредува исламската религија.
Први на местото на настанот пристигнале припадници на Граничната полиција кои затекнале насилно отворени врати од објектот и оган кој брзо се ширел, по што веднаш ја алармирале противпожарната служба. При пристигнувањето на противпожарните возила група локални жители се обидела со жив штит да го спречи дејствувањето на пожарникарите, а кога започнало гаснењето на огнот имало јавно негодување од насобраните лица.
Синоќешниот е втор инцидент за само неколку дена во Лабуништа, каде мнозинство се муслиманските верници. Тие тврдат дека меѓунационалните односи се добри, но стравуваат дека би можеле да се влошат.
„Подобар не бил никаде соживотот од Лабуништа, а ова се што се случува е наметнато. Никој не може да знае што ќе се случува понатаму ако продолжи ваквото однесување на градоначалникот од Вевчани, сигурно ќе има последици“ изјави Субија Мехмедоски, жител на Лабуништа.
Претставници на Месната заедница од Лабуништа утрово се сретнаа со градоначалникот Мерко, а вонредна седница одржа и локалниот совет за превенција на која била разгледана актуелната безбедносна состојба во општината.
Советот побара извинување од организаторите на вевчанскиот карневал, во спротивно ќе се бара кривична одговорност од лицата кои ги носеле навредливите маски. Исто така советот бара надлежните институции да ги откријат сторителите на сите инциденти, а населението да се воздржи од провокации.
„Апелираме како совет за локална превенција да се спуштат тензиите и да не се случуваат вакви инциденти“ истакна Мерко.
На седницата на локалниот совет за безбедност не присуствуваа претставници на општината Вевчани кои биле поканети на средбата.Вознемирени од развојот на ситуацијата тамошните жители најавуваат дека организирано ќе ги чуваат објектите и имотите во селото, а на терен забележливо е зголемено присуство на полицијата.
Загриженост искажа и Митрополитот Дебарско кичевски Тимотеј кој најави дека наредните денови ќе ги обиколи црквите кои беа мета на вандали./крај/ohridnews
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одронот е исчистен, сообраќајот на автопатот Скопје – Велес се одвива нормално
Во 20:38 часот на патниот правец Скопје-Велес, тунел Бадар, одронот е исчистен и сообраќајот се одвива нормално, информира АМСМ.
Претходно, од таму информираа дека сообраќајот се одвива по една лента поради одрон во тунелот.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката за домашен притвор на Груби е на обвинителството со 2 отсто доверба
Правда мора да има и таа мора да биде неселективна и конечна. Одлуката за домашен притвор е на обвинителството. Истото она со 2 посто доверба и за кое СДС се бореше да биде несменето до последниот здив. Сите забелешки може да ги испратат до таа адреса, и до омилените на Венко обвинители, велат од ВМРО-ДПМНЕ, по одлуката на скопското обвинителството да побара замена на мерката притвор со куќен притвор за Артан Груби.
„СДС треба да се договори со себе бидејќи се исклучително недоследни. Изутрина тврдат дека ДУИ одработува за ВМРО-ДПМНЕ, а сега дека е обратно. А всушност СДС се вистински во паника затоа што нивниот криминоген другар Артан Груби може да проговори за сите ортачки криминали на владите на Зоран и Вице, на Венко и Ковачевски, за бизнисите на Зечевиќ. Зошто врхушката на СДС денес заседаваше и “вртеше” телефони интересирајќи се за исказот на Артан Груби во обвинителство. Ова е и причината зошто СДС во случајот со Груби се однесува по логиката иста на онаа: “лопов вели држете го лоповот”. Црната кутија за криминалите на СДС и ДУИ падна. Прашање на време е кога “исплашените” од СДС ќе му прават на судските клупи друштво на Артан Груби“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Куќниот притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, велат од СДСМ
Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, сметаат од СДСМ. Според партијата, затоа судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.
„Дилот ВМРО–ДУИ се спроведува пред очите на јавноста. Прво со договореното враќање и режираното снимање на граничниот премин. Не работеа камерите кога Груби си замина преку граница, слободно, со пасош, иако бил на стоп-листата. Но, за договореното враќање на Груби камери има на секој чекор – од граница, пречек, па сè до Обвинителството и Судот. Потоа следуваше веќе подготвената кампања по медиумите под контрола на Орбан, а сега и одлуките за куќен притвор. Ако некој еднаш избегал од државата, зошто му се одредува куќен притвор?“, прашуваат од СДСМ.
Од таму велат дека ништо не е случајно и останува само да видиме која е цената.
„Пеш преминал преку граница и побегнал. А бил на стоп-листа. Сега, после 14 месеци бегство – се враќа и му се одредува куќен притвор. На кого уште не му е јасно ова сценарио? Ништо не е случајно. Ова е дел од договорот меѓу ДУИ и ВМРО-ОКГ. Останува само да видиме која е цената“, велат од СДСМ.

