Македонија
Јанкулоска: Граѓаните од Струшко да не подлегнуваат на провокациите
Граѓаните од Струга и околината да не подлегнуваат на провокации, апелира министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, по синоќешниот инцидент во струшкото село Лабуништа, кога беше опожарена црквата „Свети
Граѓаните од Струга и околината да не подлегнуваат на провокации, апелира министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, по синоќешниот инцидент во струшкото село Лабуништа, кога беше опожарена црквата „Свети Никола.
Таа вели дека МВР ги презема сите неопходни мерки и активности за расчистување на инцидентите кои се случија изминативе денови во струшко и откривање на лицата кои стојат зад нив, нивно лоцирање и изведување пред надлежниот суд.
„Во текот на денешниот ден, освен два мирни протести во знак на револт кон вчерашниот настан, не се регистрирани никакви нарушувања на јавниот ред и мир или инциденти. На барање на службени лица од Министерството, денеска во општина Струга се состана и локалниот совет за превенција заради договарање на идните активности за намалување на тензиите во подрачјето“ вели Јанкулоска./крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило делницата од автопат А1 Велес – Градско е затворена
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градсско – Дреново до локализирање и ликвидирање на пожарот, извести АМСМ.
Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека исто така денеска поради уличен дефект на улицата Девол бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улицата Девол, општина Карпош.

