Македонија
Потпален манастир во Мала Речица
Непознати сторители вечерва го потпалиле манастирот „Свети Ѓорѓија“ во тетовското село Мала Речица. Според информации од тетовската полиција, манастирот бил оштетен само од надворешната страна и не бил опожарен
Непознати сторители вечерва околу 21 часот го потпалиле манастирот „Свети Ѓорѓија” во тетовското село Мала Речица. Според информации од тетовската полиција, манастирот бил оштетен само од надворешната страна и не бил опожарен внатре.
Портпаролот на тетовската полиција, Марјан Јосифовски за Макфакс вели дека сторителите зеле стари врати и други дрвени предемети и ги запалиле од надворешната страна на објектот, покрај прозорците.
Од огнот оштетен бил надворешниот ѕид, рамката на прозорецот и било напукнато стаклото.За кратко време со ангажирање на граѓаните кои живеат во непсоредна близина на манастирот и брзата интервенција на противпожарните служби, пожарот бил локализиран.
Минатата година овој објект беше мета на две оштетувања. За овие оштетувања беше осомничен малолетник од Мала Речица од албанска националност. Инаку манстирот се уште е во фаза на обновување откако целосно беше уништен во конфликтот во 2001 година. Увид на местото на пожарот допрва ќе следува./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило делницата од автопат А1 Велес – Градско е затворена
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градсско – Дреново до локализирање и ликвидирање на пожарот, извести АМСМ.
Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека исто така денеска поради уличен дефект на улицата Девол бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улицата Девол, општина Карпош.

