Македонија
Ловџиите го хранат дивечот
Поради ниските температури и снежната покривка, дивечот тешко се прехранува, а за да не умре од глад членовите на ловното друштво „Руен“ извршија прихранување во три ловишта: Отовица ,Караслари и Грнчиште.
Поради ниските температури и снежната покривка, дивечот тешко се прехранува, а за да не умре од глад членовите на ловното друштво „Руен“ извршија прихранување во три ловишта: Отовица ,Караслари и Грнчиште. Неколкумина ловџии откако прво подигнаа 1.200 килограми кршок од пченица, пченка и јачмен, од амбарот во Иванковци, се упатија кон ловиштата рамномерно распределувајќи ја прехраната за животните. „Храната ќе се фрла дел по дел во ловиштата, со цел да не избега дивечот од овој регион. Ако не ги прихрануваме, постои опасност тој да не се снајде со храна и да изумре. Затоа ова е редовна постапка која се практикува секоја година“, вели Ивица Стојчев, ловџија од ловното друштво „Руен“.Велешките ловџии прво направија хранилки со гранки и лисја и таму ја поставија храната, за и во случај да падне нов снег дивечот да може да ја види храната. Со ваквиот начин и со овој вид храна, се прехранува ситниот дивеч. Во ловиштата околу Велес тоа се птиците и зајаците.„Ова што го правиме се хранилки за еребица и за зајак. Овие ловишта се богати со овие животни и се надеваме дека храната добро ќе им дојде за да ја поминат зимата“, вели ловџијата Ване Нанов.Посебно се избрани и локациите, тоа да биде до обработливо земјиште каде не поминуваат стада овци или друг добиток.„Истураме каде што има блокови, оти до нив овчарите не смеат да ги тераат овците. Ако ставиме подалеку, стадата ќе ја однесат храната. Вака ќе трае подолго дури и до 20-тина дена“, рече Владо Величковски.Велешките ловџии велат дека оваа акција нема да биде последна. Дивечот во ловиштата ќе се прехранува во текот на целата зима./крај/мф/дм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот локален дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има услови за повремен локален дожд. Претпладне тивко, а попладне ќе дува слаб до умерен ветер во западните делови од западен, а во источните и долж Повардарието умерен повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, ончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен денеска кон крајот на денот кога ќе има услови за слаб локален дожд. До петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието. Од петок ветерот ќе го смени правецот во југоисточен. За време на викендот облачноста ќе се зголеми.
Македонија
Делови од четири скопски општини денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради изведување на водоводен приклучок на ул.Борис Трајковски 212, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица (место викано Каменик). Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности, општина Кисела Вода;
· поради изведување на водоводен приклучок ф-150 мм на ул.Варшавска 4, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Варшавска и дел од бул.8-ми Септември. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со работните активности, општина Карпош;
· поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на ул.Боца Иванова бб(за АБЦ Комерц), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Боца Иванова,Томе Пуре, Душко Поповиќ, Александар Бујнов, Бетовенова и дел од Петар Манџуков. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со работните активности, општина Бутел;
· поради изведување на водоводен приклучок ф-80 мм на ул.20 –ти Октомври 44 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности, општина Центар.
Македонија
Одронот е исчистен, сообраќајот на автопатот Скопје – Велес се одвива нормално
Во 20:38 часот на патниот правец Скопје-Велес, тунел Бадар, одронот е исчистен и сообраќајот се одвива нормално, информира АМСМ.
Претходно, од таму информираа дека сообраќајот се одвива по една лента поради одрон во тунелот.

