Македонија
Додовски објави згаснување на ВМРО-НП, членството преминува во ВМРО-ДПМНЕ
Маријан Додовски, сега веќе поранешен претседател на ВМРО-Народна партија, во средата го објави нејзиното згаснување и нејзиното целосно структурно претопување во владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
Маријан Додовски, сега веќе поранешен претседател на ВМРО-Народна партија, во средата го објави нејзиното згаснување и нејзиното целосно структурно претопување во владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Како што кажа во средата на прес-конференцијата сите членови на ВМРО-НП, генералниот секретар на партијата Миле Јакимовски, огромното мнозинство од членовите на Извршниот и Централниот комитет на партијата, директорот за финансии и директорот на Централниот штаб, ќе се вратат во ВМРО-ДПМНЕ Причините за ваквиот чекор Додовски ги образложи со застранувањето на ВМРО-Народна партија „Раководството и членството на ВМРО-НП не може веќе да ги трпи и да ги одмолчува антимакедонските тврдења и ставови на Георгиевски. Не можеме да прифатиме да бидеме слуги и заложници на Бранко Црвенковски. Љубчо Георгиевски води длабоки преговори за коалицирање со Бранко Црвенковски, чија основа се единствено бизнис интересите, коишто се олицетворени со добивањето плацови за градење згради во општините каде што СДСМ има градоначалници, каков што е случајот на пример со скопската општина Карпош. Георгиевски отворено соработува со СДСМ, дури и претставува вистински послушник н а Црвенковски“, рече Додовски пред новинарите во скопскиот хотел „Холидеј ин“. На новинарско прашање дали овој чекор е последица поради неговите проблеми со кредити и финансиската поддршка од страна на ВМРО-ДПМНЕ, Додовски одговори дека ваквите информации произлегуваат од немоќта на Георгиевски.
„Јас сум просечен граѓанин на Република Македонија и како и сите граѓани кои живеат со нормални примања и кредити и јас и така живеам. Едноставно немоќта на Георгиевски и луѓето околу него да направат било што ќе одат во насока на омаловажување на личностите и преземање на секакви активности. Тие муабети одамна се ширеа и одамна и се познати на македонската јавност. Шпекулациите од кујната на Георгиевски за мене се веќе завршени“ рече Додовски.
Со Георгиевски немале меѓусебна комуникации веќе три месеца и смета дека објавувањето на згаснувањето на партијата не е претенциозно, бидејќи со нивното преминување во ВМРО-ДПМНЕ, со Георгиевски би останале само три-четворица негови соработници.Која ќе биде неговата функција во ВМРО-ДПМНЕ не откри и рече дека за него тоа не е императив, во ВМРО-ДПМНЕ бил од 1990 година./крај/мф/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот локален дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има услови за повремен локален дожд. Претпладне тивко, а попладне ќе дува слаб до умерен ветер во западните делови од западен, а во источните и долж Повардарието умерен повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, ончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен денеска кон крајот на денот кога ќе има услови за слаб локален дожд. До петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието. Од петок ветерот ќе го смени правецот во југоисточен. За време на викендот облачноста ќе се зголеми.
Македонија
Делови од четири скопски општини денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради изведување на водоводен приклучок на ул.Борис Трајковски 212, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица (место викано Каменик). Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности, општина Кисела Вода;
· поради изведување на водоводен приклучок ф-150 мм на ул.Варшавска 4, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Варшавска и дел од бул.8-ми Септември. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со работните активности, општина Карпош;
· поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на ул.Боца Иванова бб(за АБЦ Комерц), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Боца Иванова,Томе Пуре, Душко Поповиќ, Александар Бујнов, Бетовенова и дел од Петар Манџуков. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со работните активности, општина Бутел;
· поради изведување на водоводен приклучок ф-80 мм на ул.20 –ти Октомври 44 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности, општина Центар.
Македонија
Одронот е исчистен, сообраќајот на автопатот Скопје – Велес се одвива нормално
Во 20:38 часот на патниот правец Скопје-Велес, тунел Бадар, одронот е исчистен и сообраќајот се одвива нормално, информира АМСМ.
Претходно, од таму информираа дека сообраќајот се одвива по една лента поради одрон во тунелот.

