Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да престане да го кочи напредокот

СДСМ да прекине да го кочи напредокот, велат од ВМРО-ДПМНЕ за реакциите на опозиционата партија по последните измени на ДУП „Мал Ринг“ во Општина Центар.
СДСМ да прекине да го кочи напредокот, велат од ВМРО-ДПМНЕ за реакциите на опозиционата партија по последните измени на ДУП „Мал Ринг“ во Општина Центар.
Од владејачката партија сметаат дека во времето кога Мирослав Грчев бил на чело на општината, таа била позната по „дивоградбите во Дебар Маало, по насилното уништување на градското јадро, по изградбата на грдите објекти Тифани, Лумикс и слични на нив, по незаконските злоупотреби на урбанистичките планови, по зародишот и развојот на урбаната мафија во Центар и градот Скопје“.
„На СДСМ како единствен пример во светот на партија која критикува нешто кое се гради, многу добро и е позната разликата од тоа време и сега“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„За само неколку години, само во општината Центар изградени се: нови булевари, реконструкција и доградба на булеварот Партизански одреди, Теодосиј Гологанов, Свети Климент Охридски, Илинденска, и многу други, извршена е реконструкција на фудбалската арена Филип Втори, изградена е нова жичара до Водно, реконструирана е зоолошката градина, нов кружен тек кај Католичката црква, нов Цветен пазар кај кружниот тек во Центар, изградени се нови катни гаражи, нови детски, фудбалски, тениски и спортски игралишта. СДСМ треба да престане да го кочи напредокот“, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мицкоски: Венко дури ни неговите пратеници од СДС не го поддржуваат и го оставаат сам да потоне

На вчерашниот народен митинг во Штип во рамките на изборната кампања за локалните избори со слоган „Вистинскиот избор! Tвојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој се осврна на улогата на Венко Филипче во СДСМ и дека никој не го поддржува.
Мицкоски посочи дека на Венко воопшто не му е лесно, затоа што во улогата што ја игра во СДСМ е многу осамен и никој не му верува, па затоа ни неговите пратеници не му веруваат и не му доаѓаат на митинзите и го оставаат сам да потоне, а не пак народот да го гласа на избори.
„Искрен да бидам, човек да не му е во кожата на претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Тој во таа улога е осамен, дури ни неговите пратеници од СДСМ не го поддржуваат, не му доаѓаат на митинзите. Сам се препотува и жилави, затоа што ниту тие не му веруваат во работите кои ги кажува и го оставаат сам да потоне. И навистина, човекот не може да ги убеди ниту неговите пратеници да го поддржат, а не па народ да го гласа на следните избори“, рече Мицкоски.
Мицкоски од митингот во Штип се наврати на она што е направено изминатите 15 месеци централна власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, како и наследена состојба во државата.
„Овие 15 месеци како Влада, дадовме сè од себе да ја нормализираме државата и помогнеме на многу граѓани. Затекнавме темели кои се разрушени, доверба која е ниска во системот кој пак е расипан и нефункционален на многу нивоа. Но и во едни такви услови постигнувавме резултати“, рече Мицкоски.
Мицкоски потенцираше дека едно од фундаменталните ветување на минатата изборна кампања, на парламентарните избори, беше линеарното покачување на пензиите на сите пензионери за 5000 денари и тоа се реализираше во првите девет месеци власт, додека во првите година и половина, пензиите ќе бидат за седум илјади денари линеарно зголемени.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, максималната температура до 22 степени

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 11, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степена.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 20 степени.
Времето во наредните денови
До вторник ќе се задржи стабилно време со дневни температури малку под просекот за овој период од годината. Под влијание на влажни воздушни маси, од среда ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи од дожд. Дневната температура ќе опадне за неколку степени.
Македонија
Филипче: Со ВМРО-ДПМНЕ на власт храната станува луксуз

Што имаме ние од скандинавската среќа што премиерот Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ сакаат да ни ја прикажат и да не разубедат дека во држава со 400 евра минимална плата и цените што дивеат, добро се живеело. Да, се живее, ама до 10-ти во месецот, потоа е период на преживување. Со ВМРО ДПМНЕ на власт, година и пол, храната стана луксуз, луксуз е минималната плата, луксуз е чистиот воздух и справувањето со отпадот, луксуз е правдата, луксуз е да се има достоинствен живот. Ама, не е луксуз рекордно задолжување, новиот долг од 1,8 милијарди евра за првите 13 месеци, без никаков реален и видлив ефект на развојот, истакна лидерот на СДСМ, Венко Филипче на вечерашната граѓанска трибина под слоганот „Се бориме се нашиот дом“ што се одржа во Радовиш.
Додаде дека откако на власта не им успеале така наречените „кошнички“, кои се покажале дека биле само лажен пи-ар и откако не презеле ништо, Владата на ВМРО ДПМНЕ користела само спинови и манипулации.
– Реалните податоци кажуваат инфлација од 4 отсто, а власта со спин се обидува да каже минус 0,2 отсто, ама споредувано месец со месец. Вистината е дека реалната инфлација е 4 отсто, дека храната е поскапа 6,3 отсто, цените во рестораните и хотелите над 8 отсто. Колку сакаат нека прават спинови, граѓаните гледат и чувствуваат. Не им требаат бројки, знаат колку можеле да купат со истите пари пред една година, а колку може сега. Ќесата од маркет е се попразна и се полесна, се бира што да се купи. Премиерот треба да знае дека граѓаните не може да живеат од неговите спинови, туку од она што им останува во паричникот, потенцираше Филипче.
Тој ги повика радовишани на 19 октомври да излезат масовно на гласање и да го дадат својот глас за кандиатот за градоначалник на Радовиш од СДСМ и коалицијата, Ристо Спасов и за советничката листа од оваа коалиција.