Македонија
СДСМ ќе поднесе кривични пријави против членовите на Антикорупциска
Опозициската СДСМ ќе поднесе кривични пријави за злоупотреба на службената положба и овластувања против членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата.
Опозициската СДСМ ќе поднесе кривични пријави за злоупотреба на службената положба и овластувања против членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата.
„Членовите на комисијата кои се платени со парите на сите граѓани и земаат високи плати, единствено се машина за производство на лаги наменети за оцрнување на сите оние кои ќе го срушат од власт Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ“ изјави Андреј Петров, генерален секретар на СДСМ за кого ДКСК поднесе иницијатива за кривично гонење на Петров.
Како потврда дека СДСМ работи согласно законот, Петров наведува дека од 6 до 28 октомври минатата година во СДСМ престојувал ревизорски тим од Државниот завод за ревизија во редовна контрола на финансиското работење и била прегледана целата документација на партијата од предвремените избори.
Државниот завод за ревизија изготвил позитивен извештај за кампањата на СДСМ не било најдено ништо спорно и незаконско. Овој ревизорски извештај ќе и беде доставен на јавноста за 20 дена.
„За жал ни денес не чувме ниту еден збор за кампањата на ВМРО ДПМНЕ и огромната дупка од 3 милиони евра без никакво покритие. Овие средства се легнати на сметката на ВМРО ДПМНЕ на 28 октомври 2011 година. Ова значи дека изборната сметка на ВМРО ДПМНЕ мора да е веќе затворена, а дупката од 3 милиони евра е сеуште отворена и нема никаква законска можност сега да има покритие за средствата“ вели Петров.
Иницијативата на ДКСК за поведување на прекршочна постапка за претседателот на СДСМ, Бранко Црвенковски, Петров ја нарече тотална глупост.
„Каква врска има имот од далечната 1979 година со било какво сомневање во 2011 година. Впрочем, тогаш Бранко Црвенковски бил трета година гимназија. Да имаше тука некаков случај Груевски и ВМРО ДПМНЕ немаше да се симнат од ТВ екраните. Но, како што гледате и оваа афера е за еднократна употреба со цел да се оцрни Бранко Црвенковски и неговото семејство“ рече Петров./крај/со/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одронот е исчистен, сообраќајот на автопатот Скопје – Велес се одвива нормално
Во 20:38 часот на патниот правец Скопје-Велес, тунел Бадар, одронот е исчистен и сообраќајот се одвива нормално, информира АМСМ.
Претходно, од таму информираа дека сообраќајот се одвива по една лента поради одрон во тунелот.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката за домашен притвор на Груби е на обвинителството со 2 отсто доверба
Правда мора да има и таа мора да биде неселективна и конечна. Одлуката за домашен притвор е на обвинителството. Истото она со 2 посто доверба и за кое СДС се бореше да биде несменето до последниот здив. Сите забелешки може да ги испратат до таа адреса, и до омилените на Венко обвинители, велат од ВМРО-ДПМНЕ, по одлуката на скопското обвинителството да побара замена на мерката притвор со куќен притвор за Артан Груби.
„СДС треба да се договори со себе бидејќи се исклучително недоследни. Изутрина тврдат дека ДУИ одработува за ВМРО-ДПМНЕ, а сега дека е обратно. А всушност СДС се вистински во паника затоа што нивниот криминоген другар Артан Груби може да проговори за сите ортачки криминали на владите на Зоран и Вице, на Венко и Ковачевски, за бизнисите на Зечевиќ. Зошто врхушката на СДС денес заседаваше и “вртеше” телефони интересирајќи се за исказот на Артан Груби во обвинителство. Ова е и причината зошто СДС во случајот со Груби се однесува по логиката иста на онаа: “лопов вели држете го лоповот”. Црната кутија за криминалите на СДС и ДУИ падна. Прашање на време е кога “исплашените” од СДС ќе му прават на судските клупи друштво на Артан Груби“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Куќниот притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, велат од СДСМ
Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, сметаат од СДСМ. Според партијата, затоа судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.
„Дилот ВМРО–ДУИ се спроведува пред очите на јавноста. Прво со договореното враќање и режираното снимање на граничниот премин. Не работеа камерите кога Груби си замина преку граница, слободно, со пасош, иако бил на стоп-листата. Но, за договореното враќање на Груби камери има на секој чекор – од граница, пречек, па сè до Обвинителството и Судот. Потоа следуваше веќе подготвената кампања по медиумите под контрола на Орбан, а сега и одлуките за куќен притвор. Ако некој еднаш избегал од државата, зошто му се одредува куќен притвор?“, прашуваат од СДСМ.
Од таму велат дека ништо не е случајно и останува само да видиме која е цената.
„Пеш преминал преку граница и побегнал. А бил на стоп-листа. Сега, после 14 месеци бегство – се враќа и му се одредува куќен притвор. На кого уште не му е јасно ова сценарио? Ништо не е случајно. Ова е дел од договорот меѓу ДУИ и ВМРО-ОКГ. Останува само да видиме која е цената“, велат од СДСМ.

