Македонија
Велешани се жалат за прифаќњето на писмото со намери на „Метрудхем“
По Зелената коалиција, во петокот и општина Велес поднесе жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка, за одлуката на Министерството за животна средина што го прифати писмото со намери на „Метрудхем“,
По Зелената коалиција, во петокот и општина Велес поднесе жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка, за одлуката на Министерството за животна средина што го прифати писмото со намери на „Метрудхем“, со кое се бара рестартирање на Топилницата на истата локација и старата технологија.На оваа тема расправаше, како што пренесува порталот Лисица, и Одборот за спас на Велес од Топилницата. Побараа институциите да бидат максимално транспарентни при донесување на каква било одлука во врска со Топилницата. „Апелирам и до управата и до ресорното министерство да се коригира ова решение да се прифатат жалбите од општината и невладините организации, решението да се поништи и во новото решение што ќе го донесат да бидат внесени сите забелешки на општината“, рече Горан Петров, градоначалник на Велес. Нетранспарентното однесување на министерството и „Метрудхем“ стави дамка на сомнеж кај граѓаните но и кај велешките пратеници. Токму поради ова тие од денеска станаа членови на одборот за спас. Најавија дека како пратеници ќе побараат објаснување од министерството во врска со донесеното решение. „Јас ќе поставам пратеничко прашање до министерот за екологија каква е намерата со одобрувањето на писмото со намери. Очекувам да добијам јасен и концизен одговор. Покрај ова подготвен сум сите активности на Одборот да ги пренесам во Собрание“, рече пратеникот Марјанчо Николовски од опозиционата СДСМ. Според пратеникот на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, за да нема какви и да се сомневања, на седницата во петокот пожелно било да присуствуваат и претставници на министерството. Сепак останува на ставот дека проблемот треба да се решава институционално. „Сите релевантни институции во Македонија во политичка смисла, претседателот на државата, премиерот, пратениците од Велес, министерот за животна средина, градоначалникот се произнесоа со политички став против отворањето на Топилницата на локацијата на која што се наоѓа и со истата технологија. Ве уверувам дека нема причина овој политички став да биде променет“, рече Илија Димовски./крај/ли/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одронот е исчистен, сообраќајот на автопатот Скопје – Велес се одвива нормално
Во 20:38 часот на патниот правец Скопје-Велес, тунел Бадар, одронот е исчистен и сообраќајот се одвива нормално, информира АМСМ.
Претходно, од таму информираа дека сообраќајот се одвива по една лента поради одрон во тунелот.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката за домашен притвор на Груби е на обвинителството со 2 отсто доверба
Правда мора да има и таа мора да биде неселективна и конечна. Одлуката за домашен притвор е на обвинителството. Истото она со 2 посто доверба и за кое СДС се бореше да биде несменето до последниот здив. Сите забелешки може да ги испратат до таа адреса, и до омилените на Венко обвинители, велат од ВМРО-ДПМНЕ, по одлуката на скопското обвинителството да побара замена на мерката притвор со куќен притвор за Артан Груби.
„СДС треба да се договори со себе бидејќи се исклучително недоследни. Изутрина тврдат дека ДУИ одработува за ВМРО-ДПМНЕ, а сега дека е обратно. А всушност СДС се вистински во паника затоа што нивниот криминоген другар Артан Груби може да проговори за сите ортачки криминали на владите на Зоран и Вице, на Венко и Ковачевски, за бизнисите на Зечевиќ. Зошто врхушката на СДС денес заседаваше и “вртеше” телефони интересирајќи се за исказот на Артан Груби во обвинителство. Ова е и причината зошто СДС во случајот со Груби се однесува по логиката иста на онаа: “лопов вели држете го лоповот”. Црната кутија за криминалите на СДС и ДУИ падна. Прашање на време е кога “исплашените” од СДС ќе му прават на судските клупи друштво на Артан Груби“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Куќниот притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, велат од СДСМ
Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, сметаат од СДСМ. Според партијата, затоа судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.
„Дилот ВМРО–ДУИ се спроведува пред очите на јавноста. Прво со договореното враќање и режираното снимање на граничниот премин. Не работеа камерите кога Груби си замина преку граница, слободно, со пасош, иако бил на стоп-листата. Но, за договореното враќање на Груби камери има на секој чекор – од граница, пречек, па сè до Обвинителството и Судот. Потоа следуваше веќе подготвената кампања по медиумите под контрола на Орбан, а сега и одлуките за куќен притвор. Ако некој еднаш избегал од државата, зошто му се одредува куќен притвор?“, прашуваат од СДСМ.
Од таму велат дека ништо не е случајно и останува само да видиме која е цената.
„Пеш преминал преку граница и побегнал. А бил на стоп-листа. Сега, после 14 месеци бегство – се враќа и му се одредува куќен притвор. На кого уште не му е јасно ова сценарио? Ништо не е случајно. Ова е дел од договорот меѓу ДУИ и ВМРО-ОКГ. Останува само да видиме која е цената“, велат од СДСМ.

