Македонија
ДОМ против отворање на железара среде лозја
Демократска обнова на Македонија(ДОМ) е против изградба на железара во околината на Неготино.
Демократска обнова на Македонија(ДОМ) е против изградба на железара во околината на Неготино.„За ДОМ како зелена партија, Неприфатлива е самата помисла да се гради железара среде лозја. Железарата спаѓа во тешка загадувачка индустрија, каде и при најсовремена заштита долгорочно има загадување на животната средина околу објектот. Тоа би значело уништување на земјоделските култури од кои сега живеат илјадници семејства во Тиквешијата, а најголема штета би имало за лозарите и винопроизводителите“, изјави Јасмина Лескаровска од ДОМ.Според неа, неприродно е да се планира економски развој на Неготино преку истовремена градба на железара и нови винарии.„ДОМ смета дека е незаконски да се внесува тешка загадувачка индустрија во Неготино, кога со просторниот план е предвидена лесна индустрија. Дури и за лесната индустрија важи правилото дека може да биде прифатлива за земјоделието, само ако строго се почитуваат еколошките стандарди. Значи, треба да си ги почитуваме урбанистичките планови кои водат сметка за правилно распоредување на објектите во просторот, зависно од видот, намената и влијанието врз животната средина“, додава Лескаровска.Таа од име на партијата упати апел да не се отвораат нови еколошки рани. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило делницата од автопат А1 Велес – Градско е затворена
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градсско – Дреново до локализирање и ликвидирање на пожарот, извести АМСМ.
Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека исто така денеска поради уличен дефект на улицата Девол бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улицата Девол, општина Карпош.

