Македонија
Попоски: Членството во НАТО е стратешко прашање за Македонија
Зачленувањето на Македонија во НАТО останува едно од стратешките прашања за земјата, и во таа насока се нашите постојани инсистирања да се излезе од само формалниот карактер на средбите со грчките колеги, рече шефот на македонската дипломатија Никола Попоски во понеделникот на брифинг со новинарите.
Зачленувањето на Македонија во НАТО останува едно од стратешките прашања за земјата, и во таа насока се нашите постојани инсистирања да се излезе од само формалниот карактер на средбите со грчките колеги, рече шефот на македонската дипломатија Никола Попоски во понеделникот на брифинг со новинарите.Самитот на НАТО во Чикаго во мај годинава ќе биде битен и за зголемувањето на разбирањето на претставниците на земјите членки на Алијансата дека Грција и средбите со грчките колеги претставуваат само одолговлекување на решението за спорот со името, што е еден од условите за членство во НАТО. Според Попоски, средбите меѓу македонските и грчките претставници се само формални , и ништо суштински на нив не било разговарано. Затоа на средбите со својот грчки колега Ставрос Димас, првиот човек на македонското министерство за надворешни работи побарал биде напуштен формалниот карактер на заедничките./крај/мф/км/ (следува проширена верзија
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило делницата од автопат А1 Велес – Градско е затворена
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градсско – Дреново до локализирање и ликвидирање на пожарот, извести АМСМ.
Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека исто така денеска поради уличен дефект на улицата Девол бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улицата Девол, општина Карпош.

