Македонија
Поради снежните врнежи прекината наставата во училиштата во гостиварско
Поради обилните снежни врнежи Општина Гостивар донесе одлука основните и средините општински училишта да ја прекинат наставата, а изгубените денови да се одработат во текот на пролетта.
Поради обилните снежни врнежи Општина Гостивар донесе одлука основните и средините општински училишта да ја прекинат наставата, а изгубените денови да се одработат во текот на пролетта.Екипи од зимската служба при Општина Гостивар, Јавното претпријатие “Комуналец“ и ангажираните компании за зимско одржување, 24 часа се на терен и интензивно работат за надминување на создадената состојба како последица од обилните врнежи од снег кои го зафатија подрачјето на општина Гостивар.Во текот на викендот, во вечерните и ноќните часови беше забранет сообраќајот во центарот на градот и во булеварите, а со специјализирани возила се чистеше и се превезуваше снегот од улиците и тротоарите. При тоа, ЈП “Комуналец“ ја ангажираше и пајак-службата за отстранување на паркираните возила. Од Општина Гостивар најавуваат дека ќе продолжат со акцијата за интензивно чистење на снегот од улиците, тротоарите и други јавни површини и ги повикуваат сите граѓани да се вклучат во расчистувањето.Сите локални патишта во територијата на општина Гостивар се проодни, но во некои делови сообраќајот се одвива отежнато поради снегот кој постојано врне. /крај/ог/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило делницата од автопат А1 Велес – Градско е затворена
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градсско – Дреново до локализирање и ликвидирање на пожарот, извести АМСМ.
Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека исто така денеска поради уличен дефект на улицата Девол бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улицата Девол, општина Карпош.

