Македонија
Попоски за „Вашингтон Тајмс“: Грција е ирационална
Грција е нерационална со противењето на обидот на Македонија за членство во НАТО поради името на земјата, вели шефот на дипломатијата Никола Попоски во интервју за „Вашингтон Тајмс“ (The Washington Times).
Грција е нерационална со противењето на обидот на Македонија за членство во НАТО поради името на земјата, вели шефот на дипломатијата Никола Попоски во интервју за „Вашингтон Тајмс“ (The Washington Times).
Попоски прави паралела – тоа е исто како Канада и Мексико да се противат на името на САД.
„Ова е како Канада и Мексико да се против името ‘Соединети Американски Држави’ бидејќи го вклучува терминот ‘Америка’, a Америка е поголема од САД“, вели Попоски.
Вашингтон Тајмс потсетува дека спорот со името потекнува од 1991 година, кога земјата се осамостои од Југославија, прогласувајќи ја независноста под името „Република Македонија“. Американскиот весник ги пренесува стравувањата на Атина дека Македонија со таквото име покажува претензии кон истоимената грчка територија.
Весникот ја пренесува и изјавата на грчкиот амбасадор во САД, Василис Каскарелис, кој вели дека додавката „Горна“ или „Северна“ би биле најсоодветно решение во името на земјата.
“Не може да имате две Македонии без разликување. Да ви дадам еден пример, тие извезуваат македонско вино, но и Грција исто така извезува македонско вино“, вели Каскарелис, кој смета дека неговата земја веќе направила компромис со прифаќањето на сложено име кое би го содржело зборот Македонија. /крај/twt/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.

