Македонија
Град Скопје вклучи дополнителна механизација за чистење на снегот
Градот Скопје денеска соопшти дена екипите на зимската служба непрекинато биле на терен во изминативе две деноноќија и го расчистувале снегот од градските сообраќајници со 16 возила грејдери и соларки.
Градот Скопје денеска соопшти дена екипите на зимската служба непрекинато биле на терен во изминативе две деноноќија и го расчистувале снегот од градските сообраќајници со 16 возила грејдери и соларки. Градоначалникот Коце Трајановски, на денешната средба со медиумите, информираше дека поради непрекинатите врнежи на снег вклучена е дополнителна тешка градежна механизација и на терен се излезени уште три грејдери.„Би сакал да нагласам дека градските улици се проодни и сообраќајот се одвива без застој“, изјави Трајановски, информирајќи дека во изминатата ноќ на критичните сообраќајни точки во градот фрлени се околу 90 тони сол. „Во расчистување на снегот се вклучени 120 работници од ЈП „Комунална хигиена“ коишто го расчистуваат снегот од тротоарите и пристапните патеки до здравствените и јавните установи, на мостовите, на плоштадите, на главните сообраќајници и во Старата чаршија“ рече Трајановски, најавувајќи дека дополнително ќе бидат вклучат и сезонски работници. Градоначалникот информираше и дека од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ на терен е излезено со 16 мобилни тимови и 70 работници коишто ги одмрзнуваат и чистат сливниците што треба да ја прифатат водата од одмрзнатиот снег. „Работниците на ЈП „Паркови и зеленило“ со 70 работници интервенираат на тротоарите, пешачките патеки и автобуските стојалишта, како и приодите кон јавните институции. Екипи на „Паркови и зеленило“ го тресат снегот и од крошните на дрвјата и од грмушките за да се спречи кршење на гранките и оштетување на зеленилото во дрворедите.Градоначалникот Трајановски нагласи дека според Програмата за зимско одржување на сообраќајниците во Скопје, Градот Скопје е задолжен да ги расчистува снежните наноси од магистралните и собирни улици (булеварите и собирните улици) на подрачјето на градот. „Сакам да ги повикам моите колеги градоначалници на десетте скопски општини активно да се вклучат во расчистувањето на снегот од општинските, сервисни, улици за коишто се надлежни, и да овозможат нормално одвивање на сообраќајот. Ги повикувам и граѓаните и стопанските субјекти да ги почитуваат законските обврски и да го расчистуваат снегот пред влезовите во своите станбени објекти и пред деловните простории и да спречат појава на голомразица“, рече градоначалникот Трајановски.. Тој напомена дека на терен се излезени 10 комунални инспектори и 19 комунални редари од Градот Скопје коишто се задолжени да ги опоменуваат и казнуваат физичките и правните лица поради нерасчистен снег на приодите кон нивните станбени и деловни простории. „Досега се изречени 250 опомени. Субјектите се придржуваат кон опомените и го расчистуваат снегот. Не е изречена ниту една казна. Би сакал да апелирам до граѓаните да возат крајно внимателно и да се придржуваат кон условите на патот и поставената патна сигнализација“, изјави Трајановски. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.

