Македонија
ЛДП: Бесплатен паркинг на нерасчистените паркинзи
Паркинзите во градот што се нерасчистени од снегот да бидат бесплатни додека не се расчистат, побараа денеска од Либерално-демократската партија.
Паркинзите во градот што се нерасчистени од снегот да бидат бесплатни додека не се расчистат, побараа денеска од Либерално-демократската партија.
„Иако граѓаните скапо плаќаат за градските паркинзи за зонско или друг вид на паркирање паркинзите се нерасчистени. Бараме уште денес овие паркинзи да се расчистат и барем додека не се расчистат да не се наплаќаат услугите за паркирање.“, рече Зоран Шапуриќ од извршниот одбор на партијата.
Незадоволни се од градските власти за начинот со кој се справуваат со снегот. Бараат да се вложат сите напори и да се вклучи целата механизација со цел нормализирање на ситуацијата.
„Улиците се нерасчистени сообраќајот се одвива мошне отежнато, градот едноставно тешко функционира. И тоа замислете дури во центарот на градот и на главните градски улици, за периферијата на градот и да не зборуваме. Се прашуваме како ќе изгледаше градот доколку наврнеше повеќе снег. Либерално-демократската партија бара од градоначалникот на Скопје и до градските власти да се вложат многу повеќе напори за справување со снегот. Потребно е ангажирање на севкупната механизација од сите градски јавни претпријатија и анагажирање на многу повеќе механизација од фирмите, за да се расчистат улиците и многу повеќе напори да се справат со снегот“, рече Шапуриќ на денешната прес-конференција. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.

