Македонија
Претседателот Иванов се сретна со Жан Тод
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денес во својот Кабинет го прими Претседателот на Меѓународната федерација за автомобилизам (ФИА) и поранешен Генерален директор на италијанската компанија за производство на автомобили „Ферари“, г-дин Жан Тод.
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денес во својот Кабинет го прими Претседателот на Меѓународната федерација за автомобилизам (ФИА) и поранешен Генерален директор на италијанската компанија за производство на автомобили „Ферари“, г-дин Жан Тод. Тод во Македонија допатува на покана на Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ) и Автомобилистичката федерација на Македонија (АФМ). Претседателот Иванов истакна дека за Република Македонија е голема чест што Автомобилистичката федерација на Македонија (АФМ) стана член на ФИА. Претседателот ги поздрави активностите на ФИА за унапредување на мотоспортот и воопшто автомобилскиот сообраќај, но пред сè напорите за зголемување на безбедноста на возачите и на останатите учесници во сообраќајот, кои се одвиваат во рамки на Декадата на акција за безбедност на патиштата 2011-2020, иницирана од Обединетите нации и ФИА.Претседателот Иванов го информираше Тод за текот на имплементацијата на Националната стратегија на Република Македонија за унапредување на безбедноста во сообраќајот 2009–2014, чиј поддржувач и промотор е и самиот тој, како и за предизвиците и сериозниот пристап на националните органи и институции за преполовување на бројот на жртви во сообраќајот, и најважно – комплетно елиминирање на бројот на деца-жртви во сообраќајни незгоди.Македонскиот претседател Иванов и претседателот на ФИА, Тод разговараа и за перспективите за поинтензивен развој и унапредување на мотоспортот во Република Македонија, како и за можностите во иднина да се одржуваат автомобилски трки од меѓународен карактер и во нашата земја.Жан Тод зад себе има извонредна кариера во мотоспортот. Под негово раководство, тимот на Ферари во трките на Формула 1 освои 13 титули, меѓу кои и петте на најуспешниот возач на сите времиња, Михаел Шумахер. Неговото лидерство ги надминува границите на мотоспортот, пред сè преку неговите хуманитарни и филантропски активности. Тој е член на Француската академија за технолошки науки, како и еден од основачите и заменик претседател на Институтот за истражување на мозокот и пореметувањата на рбетниот мозок, со седиште во Париз. крај/со/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата
Македонија
Следува период на стабилно време, дневната температура ќе биде во пораст
Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 2, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно време, освен во вторник кога кон крајот на денот претежно во североисточните делови ќе има услови за повремен локален дожд. Утрата ќе бидат постудени, а дневната температура ќе биде во пораст.

