Македонија
Семејството на Нешкоски бара одговорност за колегите на тигарот Спасов
Деновиве до Основното и Вишото јавно обвинителство поднесено е прецизирање на претставка со која се бара одговорност на полицајци кои биле на местото кога Мартин Нешкоски почина.
Деновиве до Основното и Вишото јавно обвинителство поднесено е прецизирање на претставка со која се бара одговорност на полицајци кои биле на местото кога Мартин Нешкоски почина. За убиство на момчето на 14 години затвор е осуден полицискиот службеник , припадник на Тигрите Игор Спасов. Адвокатот на семејството на Нешковски веќе еднаш побара одговорност на полициски службеници, но Обвинителството ги одби и донесе одлука дека само Спасов е одговорен за убиството. Сега семејството по сослушувањето на полицајците како сведоци во текот на судскиот процес произлегува дека имале непосреден контакт со Нешкоски, а потоа и виделе како Спасов го брка момчето. Се упатиле кон местото на бркотницата оти слушнале дека некој повикува полиција. Го нашле сега осудениот како со вода го плиска Нешкоски. Ним Спасов им се претставил како колега и тие без да проверат му поверувале и сториле кривично дело несовесно работење во служба. Потоа тие заминале од местото за што треба да одговараат и за прикривање кривично дело. Службената белешка која била составена во полициска станица според семејството и нивните адвокати е направена криминално бидејќи иако се знаело дека е насилна смрт, во белешката било напишано незнајна смрт. крај.км
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одронот е исчистен, сообраќајот на автопатот Скопје – Велес се одвива нормално
Во 20:38 часот на патниот правец Скопје-Велес, тунел Бадар, одронот е исчистен и сообраќајот се одвива нормално, информира АМСМ.
Претходно, од таму информираа дека сообраќајот се одвива по една лента поради одрон во тунелот.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката за домашен притвор на Груби е на обвинителството со 2 отсто доверба
Правда мора да има и таа мора да биде неселективна и конечна. Одлуката за домашен притвор е на обвинителството. Истото она со 2 посто доверба и за кое СДС се бореше да биде несменето до последниот здив. Сите забелешки може да ги испратат до таа адреса, и до омилените на Венко обвинители, велат од ВМРО-ДПМНЕ, по одлуката на скопското обвинителството да побара замена на мерката притвор со куќен притвор за Артан Груби.
„СДС треба да се договори со себе бидејќи се исклучително недоследни. Изутрина тврдат дека ДУИ одработува за ВМРО-ДПМНЕ, а сега дека е обратно. А всушност СДС се вистински во паника затоа што нивниот криминоген другар Артан Груби може да проговори за сите ортачки криминали на владите на Зоран и Вице, на Венко и Ковачевски, за бизнисите на Зечевиќ. Зошто врхушката на СДС денес заседаваше и “вртеше” телефони интересирајќи се за исказот на Артан Груби во обвинителство. Ова е и причината зошто СДС во случајот со Груби се однесува по логиката иста на онаа: “лопов вели држете го лоповот”. Црната кутија за криминалите на СДС и ДУИ падна. Прашање на време е кога “исплашените” од СДС ќе му прават на судските клупи друштво на Артан Груби“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Куќниот притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, велат од СДСМ
Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, сметаат од СДСМ. Според партијата, затоа судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.
„Дилот ВМРО–ДУИ се спроведува пред очите на јавноста. Прво со договореното враќање и режираното снимање на граничниот премин. Не работеа камерите кога Груби си замина преку граница, слободно, со пасош, иако бил на стоп-листата. Но, за договореното враќање на Груби камери има на секој чекор – од граница, пречек, па сè до Обвинителството и Судот. Потоа следуваше веќе подготвената кампања по медиумите под контрола на Орбан, а сега и одлуките за куќен притвор. Ако некој еднаш избегал од државата, зошто му се одредува куќен притвор?“, прашуваат од СДСМ.
Од таму велат дека ништо не е случајно и останува само да видиме која е цената.
„Пеш преминал преку граница и побегнал. А бил на стоп-листа. Сега, после 14 месеци бегство – се враќа и му се одредува куќен притвор. На кого уште не му е јасно ова сценарио? Ништо не е случајно. Ова е дел од договорот меѓу ДУИ и ВМРО-ОКГ. Останува само да видиме која е цената“, велат од СДСМ.

