Македонија
Груевски колумна:Македонија заслужи членство во НАТО
Веројатно многу Германци до скоро, кога на Европското ракометно првенство нашите репрезентации одиграа меч за паметење, не чуле многу за нашата земја. Ракометните ѕвезди демонстрираа дека еднаквоста и правдата важат за сите, а дека успехот зависи исклучиво од сопственото залагање.
Веројатно многу Германци до скоро, кога на Европското ракометно првенство нашите репрезентации одиграа меч за паметење, не чуле многу за нашата земја. Ракометните ѕвезди демонстрираа дека еднаквоста и правдата важат за сите, а дека успехот зависи исклучиво од сопственото залагање.На овој начин ја започна колумната објавена во германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ македонскиот премиер Никола Груевски, додавајќи дека на друго поле не важат истите правила.„Македонија ги исполни сите критериуми за членство во НАТО и Алијансата тоа го потврди на Самитот во Букурешт во 2008 година. Сепак, Македонија не смее да биде дел од нејзе. Македонија е de facto членка на НАТО, de jure не“, пишува Груевски.Понатаму тој појаснува дека над 85% од населението во Македонија го поддржува интегрирањето на земјата во НАТО, а македонските мировни сили се во Ирак и Авганистан, рамо до рамо со останатите војници од НАТО..„Зошто тогаш Македонија не е членка на НАТО? Заложник сме на бесмислен и виртуелен спор, невиден во светот. Нашиот сосед го попречува нашето членство и покрај тоа што ги имаме исполнето сите предуслови за членство. Само поради тоа што Грција има проблем со име на нашата држава, кое никому не штети и за кое не бараме ексклузивност. Грците имаат проблем и со нашиот идентитет, со името на нашата нација и јазик. Каков апсурд е тоа ќе сфатите само ако помислите некој да има проблем со тоа што се чувствувате и нарекувате Германци?! Или пак замислете Белгија да не дозволува членство на Луксембург во НАТО, само зашто има провинција Луксембург?! Да не е навредливо ќе е иронично, можеби за текстовите на Брехт, или пак Кафка, но тоа е суровата реалност. Грција не попречи за членство во НАТО, иако знаеше дека не смее, ако ние влегувавме под референцата доделена од ООН. Тоа решение Грците го прифатија со Времената спогодба која ја потпишавме уште во 1995 година, која е меѓународен договор чиј гарант е ООН. За да дојде до таа Спогодба ние сменивме знаме и устав, и се откажавме од грижа за нашето малцинство, само за да не бидеме попречени од Грција при наше зачленување во меѓународни организации, на што Грција се обврза“, додава Груевски.Тој додава дека неуспехот во Букурешт само ја мотивираше земјата да продолжи со напорите за влез и со придонесот во НАТО.„Согласно дефиницијата на Бисмарк дека “политиката е уметноста на идното можно“, ние нашата можност ја побаравме пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг, додека и понатаму остануваме посветени на дијалогот со Грција за изнаоѓање решение за спорот со Грција. Тужбата пред Меѓународниот суд на правдата резултираше со пресуда дека Грција ги прекрши своите обврски преземени согласно Времената спогодба од 1995, со тоа што се спротивстави на приемот на Република Македонија во НАТО на Самитот во Букурешт во 2008 година под референцата определена од ООН. (МСП)Судот пресуди дека Македонија на ниту еден начин не ја прекршила Спогодбата, секогаш преговарала во добра волја, и стави крај на сите грчки дипломатски обиди да нè набеди дека сме неконструктивни во преговорите“, истакнува македонскиот премиер.Според него, пресудата на Судот(МСП) е обврзувачка за двете страни и имплицира дека не постојат правни аргументи за Грција и понатаму да се спротивставува на пристапувањето на Македонија во НАТО.„Согласно меѓународното право, Грција треба да се воздржи од натамошно попречување на членството на Македонија во НАТО. Поставувањето на услов “решете го името па влезете во НАТО” е кршење на меѓународното право и непочитување на пресудата на МСП. Оттаму, членките на НАТО, потпирајќи се врз меѓународното право на Самитот на НАТО во Чикаго, како и во Букурешт, да доделат членство на Република Македонија во НАТО, овој пат без други испорачани услови од Грција кои би биле во спротивност со меѓународното право. Се надевам дека Германија и НАТО членките ќе го земат предвид согледувањето на Судот дека Македонија никогаш не го прекршила начелото на добрососедски односи. Оттука, не постои никаква причина за одлагање на поканата за Македонија. Одлуката на Судот(МСП) е недвосмислена. Покрај тоа Грција нема потреба да стравува од Република Македонија. Треба да е силно заинтересирана да бидеме во ист сојуз како партнери. Сакаме пријателски односи со Грција и заеднички да ја градиме иднината на регионот. Сакаме и интензивирање на разговорите во спорот кој Грција го отвори“, појаснува Груевски во колумната за престижниот германски весник „ Франкфуртер алгемајне цајтунг“. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одронот е исчистен, сообраќајот на автопатот Скопје – Велес се одвива нормално
Во 20:38 часот на патниот правец Скопје-Велес, тунел Бадар, одронот е исчистен и сообраќајот се одвива нормално, информира АМСМ.
Претходно, од таму информираа дека сообраќајот се одвива по една лента поради одрон во тунелот.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката за домашен притвор на Груби е на обвинителството со 2 отсто доверба
Правда мора да има и таа мора да биде неселективна и конечна. Одлуката за домашен притвор е на обвинителството. Истото она со 2 посто доверба и за кое СДС се бореше да биде несменето до последниот здив. Сите забелешки може да ги испратат до таа адреса, и до омилените на Венко обвинители, велат од ВМРО-ДПМНЕ, по одлуката на скопското обвинителството да побара замена на мерката притвор со куќен притвор за Артан Груби.
„СДС треба да се договори со себе бидејќи се исклучително недоследни. Изутрина тврдат дека ДУИ одработува за ВМРО-ДПМНЕ, а сега дека е обратно. А всушност СДС се вистински во паника затоа што нивниот криминоген другар Артан Груби може да проговори за сите ортачки криминали на владите на Зоран и Вице, на Венко и Ковачевски, за бизнисите на Зечевиќ. Зошто врхушката на СДС денес заседаваше и “вртеше” телефони интересирајќи се за исказот на Артан Груби во обвинителство. Ова е и причината зошто СДС во случајот со Груби се однесува по логиката иста на онаа: “лопов вели држете го лоповот”. Црната кутија за криминалите на СДС и ДУИ падна. Прашање на време е кога “исплашените” од СДС ќе му прават на судските клупи друштво на Артан Груби“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Куќниот притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, велат од СДСМ
Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, сметаат од СДСМ. Според партијата, затоа судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.
„Дилот ВМРО–ДУИ се спроведува пред очите на јавноста. Прво со договореното враќање и режираното снимање на граничниот премин. Не работеа камерите кога Груби си замина преку граница, слободно, со пасош, иако бил на стоп-листата. Но, за договореното враќање на Груби камери има на секој чекор – од граница, пречек, па сè до Обвинителството и Судот. Потоа следуваше веќе подготвената кампања по медиумите под контрола на Орбан, а сега и одлуките за куќен притвор. Ако некој еднаш избегал од државата, зошто му се одредува куќен притвор?“, прашуваат од СДСМ.
Од таму велат дека ништо не е случајно и останува само да видиме која е цената.
„Пеш преминал преку граница и побегнал. А бил на стоп-листа. Сега, после 14 месеци бегство – се враќа и му се одредува куќен притвор. На кого уште не му е јасно ова сценарио? Ништо не е случајно. Ова е дел од договорот меѓу ДУИ и ВМРО-ОКГ. Останува само да видиме која е цената“, велат од СДСМ.

