Македонија
Ѓорчев доби почесно одликување од Полскиот амбасадор
Во средата, во просториите на Спомен – куќата на Мајка Тереза, амбасадорот на Република Полска во Република Македонија, Пжемислав Чиж во името на полскиот министер за култура и национално наследство
Во средата, во просториите на Спомен – куќата на Мајка Тереза, амбасадорот на Република Полска во Република Македонија, Пжемислав Чиж во името на полскиот министер за култура и национално наследство на градоначалникот на скопската општина Кисела Вода, Марјан Ѓорчев. му додели почесно одликување – Заслужен за полската култура.Ова посебно одликување се доделува на лица кои придонеле за промоција на полските културно – уметнички достигнувања во странство или за придонес во развојот на култураната соработка со Полска.Добрата соработка меѓу општината Кисела Вода и Аабасадата на Република Полска започна во 2010 година, со низа активности за одбележување на 200 годишнината од раѓањето на Фредерик Шопен. Во март таа година, градоначалникот Ѓорчев и тогашниот полски амбасадор во државава поставија плакета на Фредерик Шопен на истоимената улица во општината, а во септември 2010 година во присуство на министерката за култура, Елизабета Канчевска – Милеска свечено го пуштија во употреба паркот на Фредерик Шопен во близзина на општината.„Достојното одбележување на 200 годишнината од раѓањето на полскиот виртуоз на клавир немаше да биде возможно без исклучителната ангажираност и труд на илјадници уметници, културни институции, членови на Почесни одбори за одбележување на Шопеновата година, основани во безмалку 40 земји“, рече полскиот амбасадор, Пжемислав Чиж.„Многу од тие значајни културни настани се случија и во Република Македонија, благодарение на присутните тука меѓу нас, луѓе со добра волја, широко отворено срце и полни со разбирање”, дополни Чиж.Добрата соработка со полската амбасада ја подвлече и градоначалникот Ѓорчев кој срдечно се заблагодари за почесното одликување.„Големо задоволство претставува фактот што Полскиот министер за култура ја одликува општината Кисела Вода со Орден за заслуги за полската култура. Ние се гордееме што во Кисела Вода имаме улица и преубав парк што го носи името на Фредерик Шопен, но мора да нагласам дека тоа не претставува само мало парче земја и асфалт, тоа е дел од Полска во нашите срца”, изјави градоначалникот Ѓорчев.Тој нагласи дека одличната соработка со полската амбасада нема да застане тука и најави инцијатива за збратимување со некоја полска општина./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одронот е исчистен, сообраќајот на автопатот Скопје – Велес се одвива нормално
Во 20:38 часот на патниот правец Скопје-Велес, тунел Бадар, одронот е исчистен и сообраќајот се одвива нормално, информира АМСМ.
Претходно, од таму информираа дека сообраќајот се одвива по една лента поради одрон во тунелот.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката за домашен притвор на Груби е на обвинителството со 2 отсто доверба
Правда мора да има и таа мора да биде неселективна и конечна. Одлуката за домашен притвор е на обвинителството. Истото она со 2 посто доверба и за кое СДС се бореше да биде несменето до последниот здив. Сите забелешки може да ги испратат до таа адреса, и до омилените на Венко обвинители, велат од ВМРО-ДПМНЕ, по одлуката на скопското обвинителството да побара замена на мерката притвор со куќен притвор за Артан Груби.
„СДС треба да се договори со себе бидејќи се исклучително недоследни. Изутрина тврдат дека ДУИ одработува за ВМРО-ДПМНЕ, а сега дека е обратно. А всушност СДС се вистински во паника затоа што нивниот криминоген другар Артан Груби може да проговори за сите ортачки криминали на владите на Зоран и Вице, на Венко и Ковачевски, за бизнисите на Зечевиќ. Зошто врхушката на СДС денес заседаваше и “вртеше” телефони интересирајќи се за исказот на Артан Груби во обвинителство. Ова е и причината зошто СДС во случајот со Груби се однесува по логиката иста на онаа: “лопов вели држете го лоповот”. Црната кутија за криминалите на СДС и ДУИ падна. Прашање на време е кога “исплашените” од СДС ќе му прават на судските клупи друштво на Артан Груби“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Куќниот притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, велат од СДСМ
Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, сметаат од СДСМ. Според партијата, затоа судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.
„Дилот ВМРО–ДУИ се спроведува пред очите на јавноста. Прво со договореното враќање и режираното снимање на граничниот премин. Не работеа камерите кога Груби си замина преку граница, слободно, со пасош, иако бил на стоп-листата. Но, за договореното враќање на Груби камери има на секој чекор – од граница, пречек, па сè до Обвинителството и Судот. Потоа следуваше веќе подготвената кампања по медиумите под контрола на Орбан, а сега и одлуките за куќен притвор. Ако некој еднаш избегал од државата, зошто му се одредува куќен притвор?“, прашуваат од СДСМ.
Од таму велат дека ништо не е случајно и останува само да видиме која е цената.
„Пеш преминал преку граница и побегнал. А бил на стоп-листа. Сега, после 14 месеци бегство – се враќа и му се одредува куќен притвор. На кого уште не му е јасно ова сценарио? Ништо не е случајно. Ова е дел од договорот меѓу ДУИ и ВМРО-ОКГ. Останува само да видиме која е цената“, велат од СДСМ.

