Македонија
Трајановски рефераше за сработеното
Зад нашата работа стојат дела, рече скопскиот градоначалник Коце Трајановски, осврнувајќи се на досега сработеното како прв човек на главниот град.
Зад нашата работа стојат дела, рече скопскиот градоначалник Коце Трајановски, осврнувајќи се на досега сработеното како прв човек на главниот град.
Градночаналниците на ВМРО-ДПМНЕ, според Трајановски, се првите што понудиле конкретна програма за работа и се потрудиле да го реализираат ветеното.
„Зад нашата работа како градоначалници стојат дела, кои се видливи и мерливи. Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ изградија, реконструираа и ставија во употреба 610 улици низ целата држава од кои има булевари, раскрсници, сообраќајни кракови, реконструирани се околу 100 училишта-средни и основни во Република Македонија, изградени се над 100 километри пешачки патеки, околу 230 километри канализациона мрежа, се градат катни гаражи, паркиралишта, паркови. Ова се делата кои сведочат за работата на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Трајановски.
Во делот на решавањето на сообраќајниот метеж и зголемувањето на безбедноста во сообраќајот, Трајановски ги наведе проектите за проширување на булеварите „ Митрополит Теодосиј Гологанов“, „ Илинден“, „Свети Климент Охридски“, пробивањето на булеварот „Македонска Војска“, изградбата на кружниот тек во Ѓорче Петров, обновувањето на асфалтот на булеварите „Партизански одреди“, „Кузман Јосифовски Питу“ и „Крсте Мисирков“, како и на улиците „Даме Груев“, „Васил Аџиларски“ и „Стив Наумов“ и обновувањето на коловозот на улиците „Козле“, „Крушопек“ и на дел од улицата „Радишанска“, кракот од „Јужноморавски бригади“, „Пелагонија“, „Волковска“, повеќе улици во населбата Усје, патот за Хиподром, патот за Инџиково.
Во однос на зголемувањето на безбедноста на пешаците, Трајановски го посочи обновувањето на тротоарите и пешачките патеки по должината на шест булевари во центарот на градот.
Во својот отчет спомена и за новиот лик на мостовите „Гоце Делчев“, „Мост на револуцијата“ и изградбата на нов мост на Вардар кај Сарај, изградбата на катни гаражи на улиците „Даме Груев“, „Мито Хаџивасилев-Јасмин“ и нови паркинзи пред Зоолошката градина, под Транспортниот центар, на улицата „Васко Карангелевски“.
Трајановски спомена и за проектите во однос на спорот, јавната хигиена, социјалната заштита, културата, а не ја заобиколи и изградбата на новиот амдинистративен објект на Град Скопје и реновирањето на фасадите во централното градско подрачје.
„Оваа отчетност значи дека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и јас како градоначалник на градот Скопје не бегаме од обврската да се соочиме со граѓаните. Ние работиме во нивен интерес и ќе продолжиме да го реализираме ветеното. Тоа е она што не разликува од другите. Како градски татко продолжувам да бидам отворен и достапен за секој кој сака да придонесе за развој и подобрување на животот на граѓаните. Ние она што го ветивме и го остваруваме“, рече Трајановски на денешната прес-конференција. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одронот е исчистен, сообраќајот на автопатот Скопје – Велес се одвива нормално
Во 20:38 часот на патниот правец Скопје-Велес, тунел Бадар, одронот е исчистен и сообраќајот се одвива нормално, информира АМСМ.
Претходно, од таму информираа дека сообраќајот се одвива по една лента поради одрон во тунелот.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката за домашен притвор на Груби е на обвинителството со 2 отсто доверба
Правда мора да има и таа мора да биде неселективна и конечна. Одлуката за домашен притвор е на обвинителството. Истото она со 2 посто доверба и за кое СДС се бореше да биде несменето до последниот здив. Сите забелешки може да ги испратат до таа адреса, и до омилените на Венко обвинители, велат од ВМРО-ДПМНЕ, по одлуката на скопското обвинителството да побара замена на мерката притвор со куќен притвор за Артан Груби.
„СДС треба да се договори со себе бидејќи се исклучително недоследни. Изутрина тврдат дека ДУИ одработува за ВМРО-ДПМНЕ, а сега дека е обратно. А всушност СДС се вистински во паника затоа што нивниот криминоген другар Артан Груби може да проговори за сите ортачки криминали на владите на Зоран и Вице, на Венко и Ковачевски, за бизнисите на Зечевиќ. Зошто врхушката на СДС денес заседаваше и “вртеше” телефони интересирајќи се за исказот на Артан Груби во обвинителство. Ова е и причината зошто СДС во случајот со Груби се однесува по логиката иста на онаа: “лопов вели држете го лоповот”. Црната кутија за криминалите на СДС и ДУИ падна. Прашање на време е кога “исплашените” од СДС ќе му прават на судските клупи друштво на Артан Груби“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Куќниот притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, велат од СДСМ
Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, сметаат од СДСМ. Според партијата, затоа судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.
„Дилот ВМРО–ДУИ се спроведува пред очите на јавноста. Прво со договореното враќање и режираното снимање на граничниот премин. Не работеа камерите кога Груби си замина преку граница, слободно, со пасош, иако бил на стоп-листата. Но, за договореното враќање на Груби камери има на секој чекор – од граница, пречек, па сè до Обвинителството и Судот. Потоа следуваше веќе подготвената кампања по медиумите под контрола на Орбан, а сега и одлуките за куќен притвор. Ако некој еднаш избегал од државата, зошто му се одредува куќен притвор?“, прашуваат од СДСМ.
Од таму велат дека ништо не е случајно и останува само да видиме која е цената.
„Пеш преминал преку граница и побегнал. А бил на стоп-листа. Сега, после 14 месеци бегство – се враќа и му се одредува куќен притвор. На кого уште не му е јасно ова сценарио? Ништо не е случајно. Ова е дел од договорот меѓу ДУИ и ВМРО-ОКГ. Останува само да видиме која е цената“, велат од СДСМ.

