Македонија
Адеми: За рестартирањето на велешка Топилница ќе се почитуваат законите

Министерството за животна средина како државен орган, мора да ги разгледа и да ги штити интересите на сите заинтересирани страни, што значи и на граѓаните и на потенцијалните инвеститори,
Министерството за животна средина како државен орган, мора да ги разгледа и да ги штити интересите на сите заинтересирани страни, што значи и на граѓаните и на потенцијалните инвеститори, но исклучиво во рамките на законите, рече министерот Абдилаќим Адеми во саботата на средбата со претставниците на компанијата „Метрудхем“, која има доставено писмо за намера за рестартирање на велешка Топилница.Писмото на „Метрудхем“ предизвика протести на сите здруженија и политички субјекти во Велес., па по неодамнешната средба со велешани, министерот Адеми во директен разговор со претставниците на компанијата инвеститор се информираше и за размислувањата на другата страна за да се надмине состојбата на дезинформираност и шпекулации со информации и да се создадат услови за максимално почитување и законите и функционирање на правната држава.На средбата, министерот Адеми го презентираше ставот на министерството кој беше искажан и во Велес на неодамнешната средба со невладините организации, со локалната самоуправа и со Одборот за спас на Велес, дека ќе се работи исклучиво во рамките на процедурата којашто е пропишана со закон и дека во оваа фаза не може да стане збор за каква и да е одлука или, пак, забрана.Дури по изработката и разгледувањето на Студијата за оцена на влијанието врз животната средина која ќе биде доставена од страна на „Метрудхем“, ќе може да се заземе конкретен став и да се донесе решение.Од друга страна и претставниците на „Метрудхем“, откако ја претставија сериозноста на својата компанија, ја искажаа подготвеноста да ја прифатат одлуката на министерството и на Владата на без разлика каква ќе биде, но откако ќе бидат сослушани.Директорот на Метрудхем, Тони Димитриевски, на средбата ја искажа намерата на компанијата, при изработка на Студијата за ОВЖС за рестартирање на Топилница, да се вклучат реномирани експерти од областа и навести употреба на најдобри достапни производствени техники прифатени и усвоени на ниво на Европската унија./крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Опожарено возило во Аеродром

Во периодот од 01:40 до 02:40 часот, пожарникарите гаснеле запалено патничко моторно возило, на површина од 2м2 на булеварот Видое Смилевски – Бато, општина Аеродром.
Интервенцијата ја извршиле тројца пожарникари со едно возило. Материјалната штета изнесува 9000 денари, извести Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.
Македонија
Сарај и Кисела Вода денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
– Во периодот од 08:15 – 14:00 часот дел од село Кондово пред Медреса, општина Сарај;
– Во периодот од 09:00 – 12:00 часот делот позади Стаклара, општина Кисела Вода;
– Во периодот од 09:00 – 12:00 часот МВ Каменик, с.Усје, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска Кисела Вода и Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и Канализација – Скопје, информира дека денеска ќе има прекин на водоснабдување на улицата Невена Георгиева Дуња поради изведување на водоводен прикључок од Ф100.
Без вода ќе бидат корисниците од улицата Невена Георгиева Дуња, улицата Дренак, улицата Виктор Иго и улицата Драга Стојановска во општина Кисела Вода. Прекинот на водоснабдувањето ќе биде од 09 часот до завршување на санирарањето.
Oд 09 часот поради изведување на водоводен приклучок Ф100 мм на улица Демир Трајко 64а ќе има прекин на вода на следните улици Демир Трајко, дел од улицата Ванчо Мицков и булеварот Партизански Одреди на Крак 1, 3, 5, 7, 9, 11 до завршување на истиот, општина Карпош.