Контакт

Македонија

Сервер: Самитот во Чикаго можност да се исправи неправдата кон Македонија од Букурешт

Објавено пред

Престојниот самит на НАТО во Чикаго е можност да се исправи неправдата што и беше нанесена на Македонија на самитот на Алијансата во Букурешт,

dobivaj vesti na viber

Престојниот самит на НАТО во Чикаго е можност да се исправи  неправдата што и беше нанесена на Македонија на самитот на Алијансата во Букурешт, оценува угледниот професор и член на Советот за трансатлантски односи Даниел Сервер во коментарот објавен на неговиот блог peacefare.net, пренесува ТВ Сител.Као што пишува Сервер, грчко-македонскиот спор за името е еден од најнеинтересните проблеми што произлегоа од распадот на поранешна Југославија. Тој во коментарот дава осврт на историјатот со проблемот по осамостојувањето на земјата во 1991 година.„Атина и Скопје потпишаа Времена спогодба во 1995 година, која требаше да помогне за регулирање на прашањето. Грција тврдеше дека Македонија ја прекршила спогодбата, наспроти одлуката на Меѓународниот суд на правдата од минатиот декември дека грчката страна е таа која дефинитивно ја прекршила со блокирањето на членството на ПЈРМ во НАТО на Самитот во Букурешт во 2008 година. Можност да се исправи оваа неправда дава самитот на НАТО што треба да се одржи во месец мај, во Чикаго“, пишува натаму Сервер. Тој укажува на напорите за решавање на прашањето кои се одвиваат од почетокот на 1990-те години преку разговори под покровителство на Светската организација водени од медијаторот Метју Нимиц, адвокат од Њујорк. Според него, Македонија веќе постигна многу на планот за името, но спорот и натаму останува отворен и пречка за напредокот на земјата во евроатланстките интеграции. „Речиси сите и се обраќаат на земјата под името кое Скопје го преферира, а многу земји вклучувајќи ги и САД формално ја признаа земјата под името „Република Македонија“. Грција не го стори тоа, но зошто некој би се грижел за тоа? Несреќниот одговор е дека Атина може да го блокира членството на Скопје во НАТО како и секој прогрес кон членство во ЕУ. Македонија веќе е кандидат за членство во ЕУ, но нема добиено датум за почеток на преговорите, што е важен чекор кој Атина го држи во заложништво. Членството во НАТО е исто така важно за Македонија, која се смета за дел од Западот и има распоредено свои трупи во Авганистан под команда на Алијансата“, вели Сервер. Според него, проблем за Македонија е ветото, а не името. Се додека постои волја за продолжување на напорите за решавање на проблемот со името, тој порачува оти  би било мудро од Скопје да престане да тропа на вратата на Нимиц оваа пролет за решавање на проблемот што го има Атина, а не Скопје, туку директно да ми се обрати на Атина и да вложи сериозни напори да ги убеди властите во таа земја да и дозволат прием во НАТО под референцата ПЈРМ согласно Времената спогодба. Тоа е она што се бара и со одлуката на МСП, оценува Сервер. Тој сугерира и дека власта во Скопје, исто така, треба да открие што е тоа што на Атина и’ е потребно, а што Македонија може да го обезбеди.„Ако Владата не сака да зборува за прашањето за членство во НАТО, тогаш Македонија би требало да најде ’тинтенк’ организации и академици во Грција кои би го сториле тоа“, посочува угледниот американски аналитичар кој сугерира и обезбедување поддршка од  заедниците на Македонците и Албанците во САД.„Грција е ранлива во моментов поради нејзината тешка финансиска ситуација, но никој во Брисел, ниту во Вашингтон не сака да „клоца“ по земјата кога е понижена. Заедницата на грчките американци е добро организирана и претставува значајно гласачко тело. Македонија поседува средство кое не може да го употреби, но треба да изнајде некој друг начин за да изврши притисок, кој е доволно атрактивен за Атина да ги отвори вратите на НАТО. Потоа можат да се вратат на нерешавање на спорот за името во ОН во следните 15 или повеќе години, време во кое сите ќе заборат зошто спорот бил важен“, вели Сервер во коментарот за блогот peacefare.net. кој се фокусира на анализи, политики, институции и искуства кои треба да помогнат за одржување на светскиот мир, односно за превенција и решавање на насилни меѓународни конфликти, пренесува телевизијата Сител./крај/сител.мф

Македонија

Одронот е исчистен, сообраќајот на автопатот Скопје – Велес се одвива нормално

Објавено пред

Од

Во 20:38 часот на патниот правец Скопје-Велес, тунел Бадар, одронот е исчистен и сообраќајот се одвива нормално, информира АМСМ.

dobivaj vesti na viber

Претходно, од таму информираа дека сообраќајот се одвива по една лента поради одрон во тунелот.

Прикажи повеќе...

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката за домашен притвор на Груби е на обвинителството со 2 отсто доверба

Објавено пред

Од

Правда мора да има и таа мора да биде неселективна и конечна. Одлуката за домашен притвор е на обвинителството. Истото она со 2 посто доверба и за кое СДС се бореше да биде несменето до последниот здив. Сите забелешки може да ги испратат до таа адреса, и до омилените на Венко обвинители, велат од ВМРО-ДПМНЕ, по одлуката на скопското обвинителството да побара замена на мерката притвор со куќен притвор за Артан Груби.

dobivaj vesti na viber

„СДС треба да се договори со себе бидејќи се исклучително недоследни. Изутрина тврдат дека ДУИ одработува за ВМРО-ДПМНЕ, а сега дека е обратно. А всушност СДС се вистински во паника затоа што нивниот криминоген другар Артан Груби може да проговори за сите ортачки криминали на владите на Зоран и Вице, на Венко и Ковачевски, за бизнисите на Зечевиќ. Зошто врхушката на СДС денес заседаваше и “вртеше” телефони интересирајќи се за исказот на Артан Груби во обвинителство. Ова е и причината зошто СДС во случајот со Груби се однесува по логиката иста на онаа: “лопов вели држете го лоповот”. Црната кутија за криминалите на СДС и ДУИ падна. Прашање на време е кога “исплашените” од СДС ќе му прават на судските клупи друштво на Артан Груби“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Куќниот притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, велат од СДСМ

Објавено пред

Од

Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, сметаат од СДСМ. Според партијата, затоа судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.

dobivaj vesti na viber

„Дилот ВМРО–ДУИ се спроведува пред очите на јавноста. Прво со договореното враќање и режираното снимање на граничниот премин. Не работеа камерите кога Груби си замина преку граница, слободно, со пасош, иако бил на стоп-листата. Но, за договореното враќање на Груби камери има на секој чекор – од граница, пречек, па сè до Обвинителството и Судот. Потоа следуваше веќе подготвената кампања по медиумите под контрола на Орбан, а сега и одлуките за куќен притвор. Ако некој еднаш избегал од државата, зошто му се одредува куќен притвор?“, прашуваат од СДСМ.

Од таму велат дека ништо не е случајно и останува само да видиме која е цената.

„Пеш преминал преку граница и побегнал. А бил на стоп-листа. Сега, после 14 месеци бегство – се враќа и му се одредува куќен притвор. На кого уште не му е јасно ова сценарио? Ништо не е случајно. Ова е дел од договорот меѓу ДУИ и ВМРО-ОКГ. Останува само да видиме која е цената“, велат од СДСМ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Обвинителството бара замена од затворски во куќен притвор за Артан Груби

Основното јавно обвинителство Скопје побара мерката притвор за поранешниот вицепремиер Артан Груби да биде заменета со куќен притвор. Ваквата одлука,...

Економија8 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија10 часа

МНР со апел: македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Мексико да го напуштат во првата безбедна прилика

Поради влошената безбедносна состојба во Мексико, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до македонските државјани кои се наоѓаат...

Македонија11 часа

(Видео) Кузеска за Груби: ДУИ го спасува Мицкоски

Секој што го прекршил законот мора да одговара. ДУИ го спасува Мицкоски. Му фрлија гума за спасување. После денешниот театар...

Македонија11 часа

СДСМ e нервозeн поради апсењето на Груби, стравува од откривање афери, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ верува дека во СДСМ владее нервоза и фрустрација поради апсењето на поранешниот вицепремиер, Артан Груби и дека постои страв...

Македонија11 часа

Кривична против поранешен директор на Здравствен дом Куманово: ангажирал 68 лица со договор на дело, на кои незаконски им исплатил над 350 илјади евра

СВР Куманово поднесе кривична пријава против 43-годишниот Ф.А. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба...

Македонија12 часа

„Страв во Мала Речица“ – ВЛЕН прашува кој ќе оди курбан со Груби

Дали Артан Груби ќе му го зададе фаталниот удар на Али Ахмети и ДУИ, прашува ВЛЕН во првата реакција по...

Регион14 часа

Радев: Украина сè уште има работа пред да се приклучи кон ЕУ, не треба да го заборавиме Западен Балкан

Во интервју за германското издание „Берлинер Цајтунг“, поранешниот бугарски претседател Румен Радев, кој неодамна поднесе оставка и најави влез во...

Свет14 часа

Захарова: Се испостави дека вистинските чудовишта се чувствувале удобно во западното општество

Објавувањето на таканаречените досиеја на Епстин разоткри „одвратно ѓубре“ кое со години измислува митови за Русија за да го одвлече...

Македонија15 часа

МВР потврди: Уапсен Артан Груби

На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби. „Денеска (23.02.2026) во...

Европа15 часа

(Видео) Трамп го обвини дека е диктатор, Зеленски одговори со насмевка

Украинскиот претседател Володимир Зеленски возврати на претходните коментари на американскиот претседател Доналд Трамп во кои тој сугерираше дека е диктатор...

Свет15 часа

Силна зимска бура во САД: прогласена вонредна состојба во пет држави

Силна зимска бура го погоди североисточниот дел на САД, поради што е издадено предупредувања за 59 милиони луѓе. Во Њујорк...

Свет15 часа

(Видео) Убиен Ел Менчо, најбараниот нарко-бос во Мексико: избувнаа немири

Немесио Осегера Сервантес, попознат како „Ел Менчо“, најбараниот човек во Мексико и водач на моќниот нарко-картел „Нова генерација Халиско“ (CJNG),...

Свет16 часа

Иран и САД ќе ги продолжат разговорите в четврток

Иран и САД ќе одржат трета рунда разговори во Женева в четврток, изјави министерот за надворешни работи на Оман, поради...

Свет16 часа

Кина ја повика Америка да ги укине царините

Кина спроведува „целосна проценка“ на одлуката на Врховниот суд на САД за царините и го повика Вашингтон да ги укине...

Европа16 часа

(Фото) Полицајка убиена во Лавов, 24 ранети; Зеленски: Русија регрутирала напаѓачи преку интернет

Полицајка е убиена, а 24 лица се ранети откако неколку експлозивни направи беа детонирани во Лавов, западна Украина, соопшти полицијата...

Свет1 ден

Иран e подготвен на компромис со САД за да избегне американски напад, објави Ројтерс

Иран кажал дека е подготвен да направи отстапки во својата нуклеарна програма во разговорите со САД, во замена за укинување...

Свет1 ден

Мажот кој се обиде да влезе во имотот на Трамп дигнал пушка во позиција за пукање пред агентите да го убијат

Маж на околу 20-годишна возраст бил убиен откако се обидел нелегално да влезе на имотот на Доналд Трамп во Флорида....

Свет1 ден

Гласањето за трговскиот договор ЕУ–САД може да се одложи поради хаосот со тарифите

Претседателот на Комитетот за меѓународна трговија на Европскиот парламент, Бернд Ланге, предложи одложување на гласањето за трговскиот договор меѓу ЕУ...

Свет1 ден

Унгарија: ЕУ сака утре да го усвои 20-тиот пакет санкции кон Русија, ние ќе го блокираме

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, преку две објави на X повторно ја засили реториката кон Украина поради транзитот...