Македонија
Австралија веќе не го употребува терминот „славо-македонски“
Австралиската администрација повеќе не го користи терминот „славо-македонска“ за именувањето на тамошната македонска заедница, пракса започната во 1994 година, информираат од Австралиско-македонскиот комитет за човекови права (АМКЧП).
Австралиската администрација повеќе не го користи терминот „славо-македонска“ за именувањето на тамошната македонска заедница, пракса започната во 1994 година, информираат од Австралиско-македонскиот комитет за човекови права (АМКЧП).
Според писмо испратено до комитетот од вршителот на должноста шеф на кабинетот на Министерот за надворешни работи на 9-ти јануари, австралиската влада повеќе не го користи терминот „славо-македонски“.
„Јас можам да потврдам дека ‘Славо-македонското’ Административно циркуларно писмо повеќе не е на сила во Министерството за надворешни pаботи и трговија (ДФАТ). Како што е вообичаената практика што се однесува до неважечки Административни циркуларни писма, тоа е поништено и документот е ставен во архива. Исто така, ДФАТ ми има ставено до знаење дека ‘Славо-македонската Директива’ не се применува во други владини служби, влучувајќи ги и Министерството за имиграција и државјанство и Австралискиот завод за статистика“, се вели во писмото.
Дополнително, преку писмо до комитетот на 11-ти јануари од Министерството за имиграција и државјанство објаснуваат дека Националната служба за преведување и толкување го употребува терминот „македонски“.
„Како што изјавил вршителот на должноста шеф на кабинетот на министерот за надворешни работи, јас можам да потврдам дека ова министерство активно не го употребува терминот ‘Славо-македонски’ На пример, Националната служба за преведување и толкување сега само го употребува терминот ‘македонски’. Ние ја признаваме загриженоста на Македонско-австралиската заедница во врска со ова прашање“, се вели во писмото.
„Соопштението на австралиската влада дека официјално става крај на својата навредлива политика на преименување значи враќање кон долготрајна и успешната политика на мултикултурата, која АМКЧП оддамна ја поддржува. Ова е победа која ќе биде корисна за зачувување на човековите права на сите Австралијци“, велат од АМКЧП.
Од комитетот бараат, во духот на оваа одлука, Австралија да ја признае Македонија под уставното име и да прекине со употребата на привремената референца. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одронот е исчистен, сообраќајот на автопатот Скопје – Велес се одвива нормално
Во 20:38 часот на патниот правец Скопје-Велес, тунел Бадар, одронот е исчистен и сообраќајот се одвива нормално, информира АМСМ.
Претходно, од таму информираа дека сообраќајот се одвива по една лента поради одрон во тунелот.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката за домашен притвор на Груби е на обвинителството со 2 отсто доверба
Правда мора да има и таа мора да биде неселективна и конечна. Одлуката за домашен притвор е на обвинителството. Истото она со 2 посто доверба и за кое СДС се бореше да биде несменето до последниот здив. Сите забелешки може да ги испратат до таа адреса, и до омилените на Венко обвинители, велат од ВМРО-ДПМНЕ, по одлуката на скопското обвинителството да побара замена на мерката притвор со куќен притвор за Артан Груби.
„СДС треба да се договори со себе бидејќи се исклучително недоследни. Изутрина тврдат дека ДУИ одработува за ВМРО-ДПМНЕ, а сега дека е обратно. А всушност СДС се вистински во паника затоа што нивниот криминоген другар Артан Груби може да проговори за сите ортачки криминали на владите на Зоран и Вице, на Венко и Ковачевски, за бизнисите на Зечевиќ. Зошто врхушката на СДС денес заседаваше и “вртеше” телефони интересирајќи се за исказот на Артан Груби во обвинителство. Ова е и причината зошто СДС во случајот со Груби се однесува по логиката иста на онаа: “лопов вели држете го лоповот”. Црната кутија за криминалите на СДС и ДУИ падна. Прашање на време е кога “исплашените” од СДС ќе му прават на судските клупи друштво на Артан Груби“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Куќниот притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, велат од СДСМ
Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, сметаат од СДСМ. Според партијата, затоа судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.
„Дилот ВМРО–ДУИ се спроведува пред очите на јавноста. Прво со договореното враќање и режираното снимање на граничниот премин. Не работеа камерите кога Груби си замина преку граница, слободно, со пасош, иако бил на стоп-листата. Но, за договореното враќање на Груби камери има на секој чекор – од граница, пречек, па сè до Обвинителството и Судот. Потоа следуваше веќе подготвената кампања по медиумите под контрола на Орбан, а сега и одлуките за куќен притвор. Ако некој еднаш избегал од државата, зошто му се одредува куќен притвор?“, прашуваат од СДСМ.
Од таму велат дека ништо не е случајно и останува само да видиме која е цената.
„Пеш преминал преку граница и побегнал. А бил на стоп-листа. Сега, после 14 месеци бегство – се враќа и му се одредува куќен притвор. На кого уште не му е јасно ова сценарио? Ништо не е случајно. Ова е дел од договорот меѓу ДУИ и ВМРО-ОКГ. Останува само да видиме која е цената“, велат од СДСМ.

