Македонија
Јанкулоска останува министер за внатрешни работи
Гордана Јанкулоска останува министер за внатрешни работи. По целодневна дебата пратениците со 56 гласа „против“ и 33 гласа „за“ не ја изгласаа интерпелацијата за нејзината работа која беше поднесена од група пратеници од
Гордана Јанкулоска останува министер за внатрешни работи. По целодневна дебата пратениците со 56 гласа „против“ и 33 гласа „за“ не ја изгласаа интерпелацијата за нејзината работа која беше поднесена од група пратеници од опозицијата.
Седницата заврши со меѓусебни довикувања откако пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Павле Саздов ја искористи својата последна реплика за да побара едноминутно молчење, за како што рече смртта на политичката кариера на пратеникот на НСДП, Тито Петковски.
Инаку Петковски беше еден од предлагачите на интерпелацијата, која како што рече во своето излагање ја поднесуваат поради игнорантскиот однос на Јанкулоска кон пратениците, случајот „Кампања“ во кој што беше упасен лидерот на Обединети за Македонија Љубе Бошкоски, политичката пресметка на власта со неистомислениците, убиството на Мартин Нешкоски, тепачката на плоштадот, инцидентот на Калето, уривањето на комплексот „Космос“ на пратеникот од опозицијата Фијат Цаноски.
За Петковски МВР е симбол за политички пресметки со неистомислениците, министерство кое не прифаќа никаква контрола во своето работење.
„Партијата на власт преку нејзините изврши функционери се пресметува со политичките неистомисленици и критичари на недемократскиот начин на владеење. Ако не е така, зошто истиот однос го немате и кон ВМРО-ДПМНЕ која нема доказ за потеклото и покритие за над три милиони евра употребени во изборната кампања. За Љубе Бошкоски седум години затвор, арно ама за криминалот на ВМРО-ДПМНЕ нема никаков доказ“ рече Петковски.
Министерката за внатрешни работи, Јанкулоска вели дека не е точно тврдењето на Петковски дека му се забранувало да изврши увид во документацијата за прислушувањето на случајот „Кампања“.
„Прво забрана не постои, или можеби само постои во мислите на Петковски, прислушување не постои, може само во мислите на Петковски. Во дописот кој МВР го испрати до Петковски, јасно се вели МВР ви стои на располагање 24 часа на ден доколку сакате да остварите посета“ рече Јанкулоска.
Додека пратениците се обвинуваа меѓу себе, пред Собранието протестираше семејството на Мартин Нешковски и граѓани незадоволни од работата на Министерката, кои побараа нејзина оставка.
Тие побарале од спикерот Трајко Вељаноски да ја следат седницата од галеријата во Собранието, но ова нивно барање беше одбиено.
„Не сакам да се злоупотребуваат чувствата на едно семејство“ рече Вељаноски. Ова е трета поднесена интепрелација за Јанкулоска./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одронот е исчистен, сообраќајот на автопатот Скопје – Велес се одвива нормално
Во 20:38 часот на патниот правец Скопје-Велес, тунел Бадар, одронот е исчистен и сообраќајот се одвива нормално, информира АМСМ.
Претходно, од таму информираа дека сообраќајот се одвива по една лента поради одрон во тунелот.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката за домашен притвор на Груби е на обвинителството со 2 отсто доверба
Правда мора да има и таа мора да биде неселективна и конечна. Одлуката за домашен притвор е на обвинителството. Истото она со 2 посто доверба и за кое СДС се бореше да биде несменето до последниот здив. Сите забелешки може да ги испратат до таа адреса, и до омилените на Венко обвинители, велат од ВМРО-ДПМНЕ, по одлуката на скопското обвинителството да побара замена на мерката притвор со куќен притвор за Артан Груби.
„СДС треба да се договори со себе бидејќи се исклучително недоследни. Изутрина тврдат дека ДУИ одработува за ВМРО-ДПМНЕ, а сега дека е обратно. А всушност СДС се вистински во паника затоа што нивниот криминоген другар Артан Груби може да проговори за сите ортачки криминали на владите на Зоран и Вице, на Венко и Ковачевски, за бизнисите на Зечевиќ. Зошто врхушката на СДС денес заседаваше и “вртеше” телефони интересирајќи се за исказот на Артан Груби во обвинителство. Ова е и причината зошто СДС во случајот со Груби се однесува по логиката иста на онаа: “лопов вели држете го лоповот”. Црната кутија за криминалите на СДС и ДУИ падна. Прашање на време е кога “исплашените” од СДС ќе му прават на судските клупи друштво на Артан Груби“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Куќниот притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, велат од СДСМ
Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, сметаат од СДСМ. Според партијата, затоа судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.
„Дилот ВМРО–ДУИ се спроведува пред очите на јавноста. Прво со договореното враќање и режираното снимање на граничниот премин. Не работеа камерите кога Груби си замина преку граница, слободно, со пасош, иако бил на стоп-листата. Но, за договореното враќање на Груби камери има на секој чекор – од граница, пречек, па сè до Обвинителството и Судот. Потоа следуваше веќе подготвената кампања по медиумите под контрола на Орбан, а сега и одлуките за куќен притвор. Ако некој еднаш избегал од државата, зошто му се одредува куќен притвор?“, прашуваат од СДСМ.
Од таму велат дека ништо не е случајно и останува само да видиме која е цената.
„Пеш преминал преку граница и побегнал. А бил на стоп-листа. Сега, после 14 месеци бегство – се враќа и му се одредува куќен притвор. На кого уште не му е јасно ова сценарио? Ништо не е случајно. Ова е дел од договорот меѓу ДУИ и ВМРО-ОКГ. Останува само да видиме која е цената“, велат од СДСМ.

