Македонија
Караници, клевети и пцовки по седницата за интерпелација на Јанкулоска
Со клевети, пцовки и вербални напади меѓу пратениците од власта и опозицијата заврши пред полноќ во понеделникот седницата во Собранието на која се гласаше интерпелацијата за работата на министерката за
Со клевети, пцовки и вербални напади меѓу пратениците од власта и опозицијата заврши пред полноќ во понеделникот седницата во Собранието на која се гласаше интерпелацијата за работата на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.
Седницата заврши со меѓусебни довикувања откако пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Павле Саздов ја искористи својата последна реплика за да побара едноминутно молчење, за како што рече смртта на политичката кариера на пратеникот на НСДП, Тито Петковски.
Ден потоа, тој тврди дека ова му ги кажал на Петковски најдобронамерно, но вели дека бил погрешно разбран, па колегите од НСДП му се нафрлиле со клевети и пцовки.
„Јас најдобронамерно му кажав на мојот колега Тито Петковски, тоа е мој личен став дека неговата политичка кариера е мртва. За жал, тоа беше намерно сфатено од колегите од НСДП и тие почнаа да ме навредуваат, клеветат и да пцујат. Се потрудија да исценираат еден инцидент меѓутоа од моја страна не беше одговорено. Јас имам лично достоинство и не планирам да употребувам такви погрдни зборови во собраниската сала. После толку години поминати во политиката недолично е за еден пратеник да ја лаже јавноста во континуитет седум месеци“. изјави Саздов.
Пратеничката од ПЕИ, Ленче Николовска, на својот фејсбук профил објави статус во кој се вели дека поради караниците во Собранието интервенирало и собраниското обезбедување.
„Денеска во Собрание малку фалеше да се степаме. На крајот на седницата за интерпелација на министерката Јанкуловска, пратеникот од дијаспората Павле Саздов (кој е пратеник со само 200 гласа), дрско и безобразно го навреди пратеникот Тито Петковски. Срипавме сите од погорните редови и тука имаше вербални напади од двете страни. Влезе и собраниското обезбедување. Но претседателот на собранието се правеше како ништо да не гледа, како и камерите на МРТВ. Во стилот на владеењето на Груевски кој се обиде да сокрие убиство, а не па собраниска тепачка, ова нема каде да го видите“, се вели на Фејсбук статусот на Николовска.
По целодневна дебата пратениците со 56 гласа „против“ и 33 гласа „за“ не ја изгласаа интерпелацијата за нејзината работа која беше поднесена од група пратеници од опозицијата. /крај/мф/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одронот е исчистен, сообраќајот на автопатот Скопје – Велес се одвива нормално
Во 20:38 часот на патниот правец Скопје-Велес, тунел Бадар, одронот е исчистен и сообраќајот се одвива нормално, информира АМСМ.
Претходно, од таму информираа дека сообраќајот се одвива по една лента поради одрон во тунелот.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката за домашен притвор на Груби е на обвинителството со 2 отсто доверба
Правда мора да има и таа мора да биде неселективна и конечна. Одлуката за домашен притвор е на обвинителството. Истото она со 2 посто доверба и за кое СДС се бореше да биде несменето до последниот здив. Сите забелешки може да ги испратат до таа адреса, и до омилените на Венко обвинители, велат од ВМРО-ДПМНЕ, по одлуката на скопското обвинителството да побара замена на мерката притвор со куќен притвор за Артан Груби.
„СДС треба да се договори со себе бидејќи се исклучително недоследни. Изутрина тврдат дека ДУИ одработува за ВМРО-ДПМНЕ, а сега дека е обратно. А всушност СДС се вистински во паника затоа што нивниот криминоген другар Артан Груби може да проговори за сите ортачки криминали на владите на Зоран и Вице, на Венко и Ковачевски, за бизнисите на Зечевиќ. Зошто врхушката на СДС денес заседаваше и “вртеше” телефони интересирајќи се за исказот на Артан Груби во обвинителство. Ова е и причината зошто СДС во случајот со Груби се однесува по логиката иста на онаа: “лопов вели држете го лоповот”. Црната кутија за криминалите на СДС и ДУИ падна. Прашање на време е кога “исплашените” од СДС ќе му прават на судските клупи друштво на Артан Груби“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Куќниот притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, велат од СДСМ
Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, сметаат од СДСМ. Според партијата, затоа судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.
„Дилот ВМРО–ДУИ се спроведува пред очите на јавноста. Прво со договореното враќање и режираното снимање на граничниот премин. Не работеа камерите кога Груби си замина преку граница, слободно, со пасош, иако бил на стоп-листата. Но, за договореното враќање на Груби камери има на секој чекор – од граница, пречек, па сè до Обвинителството и Судот. Потоа следуваше веќе подготвената кампања по медиумите под контрола на Орбан, а сега и одлуките за куќен притвор. Ако некој еднаш избегал од државата, зошто му се одредува куќен притвор?“, прашуваат од СДСМ.
Од таму велат дека ништо не е случајно и останува само да видиме која е цената.
„Пеш преминал преку граница и побегнал. А бил на стоп-листа. Сега, после 14 месеци бегство – се враќа и му се одредува куќен притвор. На кого уште не му е јасно ова сценарио? Ништо не е случајно. Ова е дел од договорот меѓу ДУИ и ВМРО-ОКГ. Останува само да видиме која е цената“, велат од СДСМ.

