Контакт

Македонија

Сообраќајот се одвива забавено, во зимски услови

Објавено пред

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива забавено во зимски услови, во пониските делови по претежно чисти но влажни коловози, наместа со појава на голомразица поради ниските температури.

dobivaj vesti na viber

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива забавено во зимски услови, во пониските делови по претежно чисти но влажни коловози, наместа со појава на голомразица поради ниските температури.Поотежнат е сообраќајот на повисоките места и планинските премини поради остатоците од недочистен и замрзнат снег на коловозите и појава на голомразица. Поради големи снежни остатоци, патниот правец с.Маврово – Никифорово – Леуново – Бунец не е прооден за секаков вид возила и моментално се расчистува. Забрани за сообраќај на тешки товарни возила има на патните правци Р-409 крак Маврово – Дебар – Струга, Р– 416 Кичево – Демир Хисар – Битола, и од 16.30 часот поради интензивни врнежи од снег и остатоци на коловоз повторно е воведена забрана на патниот правец Струга – г.п. Ќафасан. На патниот правец Тетово – Попова Шапка има забрана за сообраќај на автобуси. Планинските превои Стража, Пресека, Плетвар, Ѓавато, Буково како и патниот правец Крива Паланка – г.п. Деве Баир е проодни за сите видови на возила, но со остатоци од снег по коловозите и со појава на голомразица. Посебна внимателност е потребна на патните правци Дебар-Струга, Маврово-Дебар, Катланово-Велес и Демир Капија –Удово поради можна појава на одрони. Од АМСМ на возачите им препорачуваат исклучително внимателно управување со возилата, прилагодена брзина на движење на отежнатите услови за сообраќај како и одржување на потребното растојание помеѓу возилата. Интензитетот на сообраќај е умерен на патните правци надвор од градските средини. На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.крај/амсм



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Општина Илинден го уредува туристичкиот локалитет „Бучинско езеро“

Објавено пред

Од

Општина Илинден информира дека во завршна фаза е урбаното уредување на просторот околу туристичкиот локалитет „Бучинско езеро“ во населеното место Бучинци.

dobivaj vesti na viber

„Станува збор за простор каде граѓаните на општина Илинден ќе можат да уживаат и да го поминуваат слободното време. Се работи на поплочување со нови бекатон плочки, а во тек е изградба на нова платформа и пешачка патека во должина од 60 метри. Исто така, пристап до местото е обезбеден со тампониран пат во должина од 100 метри, а во тек е и изградба на платформа за ловење риба. Поставено е ново улично осветлување и нови канделабри, планирано е поставување на клупи за одмор и корпи за отпадоци. Просторот ќе биде партерно уреден и за дополнително уживање на граѓаните ќе биде изграден нов летниковец“, соопштија од Општината.

Увид во градежните активности изврши градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, кој истакна дека уредувањето на овој туристички локалитет е од особена важност за жителите на општината, како и за сите граѓани што сакаат да го поминат своето слободно време во една мирна и убава, а во исто време модерна средина.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски на средба со министерот за надворешни работи на Казахстан, Мурат Нуртлеу

Објавено пред

Од

Во рамки на работната посета на Република Казахстан, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со заменик-премиерот и министер за надворешни работи на Казахстан, Мурат Нуртлеу.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа можностите за интензивирање на севкупната билатерална соработка, размена на посети на високо ниво, како и одржување на третата рунда политички консултации во Скопје.

Двајцата министри се согласија дека постои значителен потенцијал за понатамошно продлабочување на односите, особено во економската сфера – преку зголемување на трговската размена и поттикнување на странски директни инвестиции. Беше истакнато и задоволството од досегашната соработка на мултилатерален план, при што беа разменети мислења за низа актуелни прашања од регионален и поширок контекст.

Средбата беше заокружена со потпишување на Програмата за соработка меѓу двете министерства за периодот 2025–2027 година, како конкретен чекор кон унапредување на билатералните односи.

Прикажи повеќе...

Македонија

Во „Пониква“ не можеш ниту на одмор да одиш, а не пак да третираш сериозни медицински состојби: Филипче од Кочани со критики до власта

Објавено пред

Претседателот на СДСМ Венко Филипче од Кочани, со критики до актуелната власт за како што рече, неспособноста да се справи со последиците од трагедиите, за немањето одговорност и за бруталниот однос кон граѓаните кои бараат правда и достоинство.

dobivaj vesti na viber

„Бевме внимателни, бевме емпатични кон луѓето. Комунициравме нејавно, со цел да не нѐ обвинат за политизација. Им се наоѓавме, прашувавме што и да треба, и сѐ што можевме, помогнавме“, рече Филипче.

Тој подвлече дека СДСМ покажала што значи одговорно политичко дејствување, без обиди за политичка корист од трагедијата:
„Не сакавме, буквално со ништо, по трагедијата да извлечеме каква било политичка корист.“

Од друга страна, посочи Филипче, власта не само што не испорачала правда, туку целосно потфрлила и во здравствениот систем.

„Што направи власта? Прво, не испорача правда. Понатаму, не испорачува здравствена услуга. Луѓето имаат реален проблем, а тие им го нудат центарот ‘Пониква’ за некаква рехабилитација. Во „Пониква“ не можеш ниту на одмор да одиш, а не пак да третираш толку сериозни медицински состојби,“ истакна Филипче.

Особено срамно, рече тој, е обвинувањето на родителите кои бараат правда.

„Ќе ги обвинуваат родителите дека биле инструмент на некоја политичка партија. Тие луѓе, коишто не спиеле со недели, шокирани од она што им се случи, ги нарекуваат со погрдни зборови, за кои ви гарантирам дека дури и не знам што значат.“

Филипче го осуди и односот на ВМРО-ДПМНЕ кој, како што рече, на денот кога родителите протестираат, организира партиски настан со пиротехника.

„Во таква ситуација, врв на безчувствителност е на денот кога родителите протестираат, да организираш настан на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ и да запалиш пиротехнички средства.

СДСМ останува на страната на граѓаните на Кочани, на страната на вистината и одговорноста. Ќе продолжиме да се бориме за правдата да излезе на виделина а граѓаните и родителите да добијат соодветен третман“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија59 минути

Во „Пониква“ не можеш ниту на одмор да одиш, а не пак да третираш сериозни медицински состојби: Филипче од Кочани со критики до власта

Претседателот на СДСМ Венко Филипче од Кочани, со критики до актуелната власт за како што рече, неспособноста да се справи...

Македонија1 час

Изготвил лажни одобренија за градење, трошел повеќе од дозволеното за репрезентација и ненаменски трошел пари предвидени за гориво, кривична за градоначалникот на Росоман

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе кривична пријава против С.Н во својство на Градоначалник на Општина...

Македонија1 час

Оваа учебна година направивме многу, обезбедивме учебници, ги зголемивме платите на наставниците и тие ќе продoлжат да растат: Јаневска за крајот на учебната година

На основците и средношколците што денес ја завршуваат учебната година им честитам на напорната работа и заслужениот успех. Пред вас...

Македонија2 часа

Власта системски го отстранува албанскиот јазик од јавната сфера, велат од ДУИ

Уставниот суд е во завршна фаза на подготовки за укинување на Законот за употреба на јазиците, истакнуваат од ДУИ. Од...

Македонија2 часа

Ниту повредените, ниту семејствата на починатите не се сами, Кочани е наш приоритет, велат од Владата

Трагедијата во Кочани во која животот во загубија 62 млади лица е од невидени размери, велат од Владата и додаваат...

Македонија2 часа

Цените повторно растат, а Владата реши да ги покачи платите само на функционерите, велат од СДСМ

Македонија повторно се соочува со огромен раст на цените и инфлацијата, а Владата реши да ги покачи платите на функционерите....

Свет3 часа

Орбан: Дипломатите мора да ја преземат контролата од генералите, оваа војна не може да се добие

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека на Украина ѝ е потребно примирје, преговори и мир, како и дека „дипломатите треба...

Свет3 часа

(Видео) „Останете во засолништата“ погодена породилна болница во Одеса, Киев со часови под силен руски напад

Русија изврши силен напад со беспилотни летала врз украинскиот главен град, изјави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко. Во Одеса, погодена...

Свет3 часа

Трамп: Непочитувањето нема да се толерира, ќе удриме посилно од кога било

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека учесниците на протестот во Лос Анџелес „имаат тенденција да плукаат во лице“ на членовите...

Свет16 часа

Руте: Русија би можела да не нападне во рок од пет години

Русија би можела да започне напад врз НАТО во рок од пет години, предупреди шефот на воената алијанса, Марк Руте,...

Македонија18 часа

(Видео) Тренчевска: Хаосот во здравството не може да го среди министер информатичар

Владата, наместо да гради систем што треба да се грижи за здравјето на граѓаните, создава систем што го става во...

Македонија18 часа

Aлиу нов министер за здравство

Попладнево пратениците во Собранието го избраа Азир Алиу за нов министер за здравство. Алиу кој доаѓа од редовите на коалицијата...

Македонија18 часа

Даночна измама, перење пари, злосторничко здружување: кривични за 23 физички и 15 правни лица од Струмица, го оштетиле државниот буџет за над 94 милиони евра

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал криминал, во соработка со Оддел за криминалистичка полиција, Управата за финансиска полиција...

Македонија19 часа

Обвинителството не докажа дека таткото на Вања го сторил делото, освен нечија перцепција дека бил чуден, нема доказ дека е вмешан, вели адвокатот Туфегџиќ

По денешното судење за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и пензионерот Панче Жежовски, Владимир Туфегџиќ, адвокатот на таткото на убиената...

Македонија22 часа

Приведен бизнисменот Ристо Крмзов, осомничен за финансиски криминал

Полицијата утрово го привела Ристо Крмзов, бизнисмен од Струмица, за кого минатата година во септември беше отворена предистрага за финансиски...

Економија22 часа

Се зголемува цената на дизелот

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија22 часа

Мицкоски ги предложи Азир Алиу за нов министер за здравство и Албрим Хоџа за заменик министер за земјоделство

Премиерот, Христијан Мицкоски, денеска во Собранието ги предложи Азир Алиу за нов министер за здравство и Албрим Хоџа за заменик...

Економија22 часа

Објавени повици за самовработување, за млади до 29 години грант до 10.000 евра, а за невработени над 29 години грант до 7.000 евра

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, заедно со директорот на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, Селајдин Белули,...

Македонија22 часа

(Видео) Скандал е да се прави журка додека Македонија се уште тагува, скандал е да се пали пиротехника, која што е забранета, велат од СДММ

„Социјалдемократската младина на Македонија со згрозеност реагира на скандалозната и срамна прослава на УМС на ВМРО-ДПМНЕ. Додека родителите и семејствата...

Македонија23 часа

Ослободителна пресуда за струшкиот градоначалник, Мерко законски го набавил луксузното „ауди“

Основниот суд во Струга го ослободи градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, кој беше обвинет за незаконска набавка на луксузното службено...