Македонија
Операција „Ариел“ влезе во судница
Во Основниот Суд 1 во Скопје, во четвртокот започна нов голем судски процес, во кој на 24 обвинети ќе им се суди за перење пари и злосторничко здружување.
Во Основниот Суд 1 во Скопје, во четвртокот започна нов голем судски процес, во кој на 24 обвинети ќе им се суди за перење пари и злосторничко здружување. Единаесет од обвинетите се во бегство, а другите се во притвор. Тие според обвинителниот акт заработиле милионски суми денари, формирајќи фирми преку кои со лажни фактури извлекувале пари. Судењето почна со читање на обвинителниот акт, кое трае повеќе од два часа. Повеќе детали за судењето по завршувањето на денешното рочиште.Во септември 2011 година македонската полиција откри случај во кој Македонци, Срби и Бугари здружени во меѓународна криминална група четири години переле пари, затајувале данок, ја злоупотребувале службената положба и испрале 22 милиони евра.Во акцијата под оперативно име „Ариел“ беа приведени се десет лица, а по уште 11 се трага.Дел од Македонците во 2007 година организирале криминална група која до 2010 година, организирано носела бугарски државјани на кои им исплаќале пари, за во нивно име да основаат правни лица, фирми, во кои Бугарите биле запишувани како основачи и управители.По основањето на друштвата, бугарските државјани целата документација од основањето им ја предавале на организаторите на криминалната група.Вака основаните друштва, организаторите на криминалната група ги користеле единствено за издавање лажни фактури на друштва корисници на лажните фактури од кои обезбедувале прилив на парични средства на сметките на вака основаните друштва, кои потоа ги подигале како готовина и истата за определен договорен надомест, од околу 5 до 10 отсто од износот на подигнатата готовина, ја предавале на рака на одговорните лица во друштвата корисници на лажните фактури.Членовите на криминалната група со издавањето на лажни фактури им овозможиле на друштвата корисници на лажните фактури да ја легализираат стоката набавена без документи, а воедно им овозможиле да извршат пребивање на влезниот ДДВ пресметан во лажните фактури со нивниот излезен ДДВ и неосновано да се стекнат со готовина.Во продолжение на акцијата „Ариел“ за разоткривање на организиран синџир од физички и правни лица осомничени за перење пари и даночно затајување, беа поднесени нови кривични пријави против шест правни лица и 23 физички лица за даночно затајување. Од 2005 до 2011 осомничените со затајување на данок го оштетиле Буџетот за речиси два милиона евра. Некои од нив биле раководители во фирми, додека другите биле соизвршители. Осомничените преку друштва основани од македонски и бугарски државјани издавале лажни фактури и ги насочувале кон шесте пријавени друштва-корисници на лажни фактури.Инаку вкупно осум од пријавените лица, како дел од организираната група, се пријавени во кривичната пријава поднесена за злосторничко здружување, перење пари и фалсификување на уништени деловни книги.Дел од друштвата се занимаваат со откуп на отпадно железо, дел со изведба на градежни работи и дел со купопродажба на трговска стока./крај/мф/км
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
На 14.02.2026 (сабота) поради верскиот празник Задушница, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај во Скопје.
Имено, со почеток од 06:00 часот сообраќајот кон градските гробишта Бутел ќе се одвива во една насока (кружно), односно, сите возила ќе се упатат по ул.„Бутелска“, лево по ул.„Александар Урдаревски“, лево по ул.„Боца Иванова“ и десно до влезот на гробиштата Бутел, а за излез десно по ул.„Боца Иванова“, до кружниот тек на ул.„Бутелска“, па лево по ул.„Бутелска“ и десно по ул.„Кемал Сејфула“.
Посебен режим на сообраќај ќе се воведе и во близина на гробиштата Камник, Драчево и Ѓорче Петров.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите кои ќе ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај.
Македонија
Традиционална церемонија на свечено менување на државното знаме во претседателскиот кабинет
Повеќе од 170 основци од скопските училишта „Ѓорѓија Пулевски“ и „Кочо Рацин“ и од училиштето „Св. Наум Охридски “ од Охрид, денеска ја проследија церемонијата на свечено менување на државното знаме, којашто во Кабинетот се одржува секој втор петок во месецот во знак на оддавање почит кон државата.
Во присуство на бројни претставници на Армијата, учениците, заедно со своите наставници и образовни асистенти, најпрво внимателно го ислушаа командирот на почесната единица кој ги образложи причините и процесот на менување на знамето.
Потоа, нивните љубопитни очи се вперија кон јарболот на којшто постојното, беше заменето со ново државно знаме. Церемонијата заврши со интонирање на македонската химна од Воениот оркестар, пропратено со детскиот хор.
Во рамки на посетата, дечињата ја разгледаа свечената сала со двата импозантни мозаици на академик Глигор Чемерски, „Македонија-светла земја“ и „Македонија-земјата памети“.
Претседателката изрази радост за присуството на најмладите посетители и одговараше на бројните креативни прашања меѓу кои и: Кои и биле омилените книги на нивна возраст? Дали ѝ недостигаат студентите? Сонувала и посакувала ли некогаш да стане претседателка? Какви карактеристики треба да поседува еден лидер? Како се одвива еден нејзин работен ден и колку долго трае? Дали ги помни омилените наставници?
Таа, во својство на ученичка, ги именуваше саканите учители, истакнувајќи дека имале огромно влијание врз нејзината љубов кон учењето.
На крајот, Сиљановска-Давкова им порача дека вреди да се учи и дека нема подобар влог во иднината, од оној во знаењето.
Младите посетители, освен со убави спомени, од Кабинетот си заминаа и со автограм од претседателката Сиљановска-Давкова.
Македонија
Бугарија го ратификуваше договорот за тунелот на Коридор 8 – отворање на нова железничка врска Скопје-Софија
Бугарија го ратификуваше Договорот помеѓу Македонија и Бугарија за изградба на меѓуграничен железнички тунел на Коридорот 8, објави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил.
„Денес Народното Собрание на Република Бугарија го ратификуваше Договорот помеѓу Македонија и Бугарија за изградба на меѓуграничен железнички тунел на Коридорот 8.
Овој Договор во декември беше ратификуван и во Македонското Собрание.
Со ова се исполнети сите услови за доиадбзгра на железничкото поврзување помеѓу Скопје и Софија и Бургас.
Горд сум што овој Договор кој го потпишавме на 6ти Ноември со заменик претседателот на Владата на Бугарија Гроздан Караџов ќе значи поблиски економски врски помеѓу двете држави и двата народи, но покажува и силна посветеност на Македонија во реализација на Коридор 8 кој е исклучително значаен безбедносен коридор од висок интерес на НАТО и нашите стратешки партнери.
Паралелно го развиваме и Коридор 10 и Македонија ја правиме вистинска раскрсница на Балканот за добробит на сите македонски граѓани.
Продолжуваме да работиме“, напиша Николоски.

