Македонија
ДОМ предлага користење на Европски фондови за излез од енергетската криза
Енергетската криза во која се најде Македонија, предизвикана од поларните студови во изминатите денови, нанесе штети на стопанството и на квалитетот на животот на граѓаните.
Енергетската криза во која се најде Македонија, предизвикана од поларните студови во изминатите денови, нанесе штети на стопанството и на квалитетот на животот на граѓаните. Ова се наведува во соопштението на партијата ДОМ, во кое бара Македонија да преземе мерки за поголема енергетска ефикасност и употреба на обновливите извори на енергија.„Апелираме до институциите на државно и локално ниво да преземат активности за користење на европските фондови. Граѓаните да се обратат до компаниите специјализирани за градење со еколошки стандарди. Сите треба да станеме свесни дека вреди инвестицијата која чини 10% – 30% поскапа, но која долгорочно штеди енергија и ги намалува сметките за струја од 50 % до 80%“, стои во соопштението. Притоа се додава дена на овој начин државата би заштедила на струја до 30 %, токму онолку колку што Македонија во овој момент увезува. Од ДОМ укажуваат дека Македонија не користи од над 500 милиони евра европски фондови наменети за идеи за употреба на обновливите енергии, како и дека во Македонија голем дел од објектите се енергетски неефикасни.„Свеста за енергетската ефикасност и за употребата на обновливите извори на енергија, генерално, е подигната на повисоко ниво. Одредени мерки веќе се преземени, но потребно ни е да развиеме уште посилни политики, да создадеме сопствени инструменти кои енергетската ефикасност и употребата на обновливите извори на енергија ќе ги подигнат на ниво на задолжителен стандард“, изјави Тони Ристов. . Тој појасни дека е потребно да се надминат законските и финансиските бариери, кои ќе ја поддржат ова енергетска транзиција во јавниот сектор, стопанството и домаќинствата. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Проштална средба на Гаши со американската амбасадорка Агелер
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија, Ангела Агелер.
На средбата, претседателот Гаши изрази благодарност за нејзината лична посветеност, професионален пристап и поддршка на демократските процеси во државата. Посебно беше нагласена нејзината улога во јакнењето на институционалната соработка, градењето доверба и унапредувањето на дијалогот со Собранието.
Претседателот Гаши упати благодарност и до Амбасадата на САД за континуираната и силна поддршка на Република Северна Македонија во зајакнувањето на демократските институции, владеењето на правото, стабилноста и евроатлантската ориентација на земјата. Во тој контекст, беше нагласена и благодарноста до Соединетите Американски Држави како стратешки партнер и сојузник.
Претседателот Гаши нагласи дека придонесот на амбасадорката Агелер и на САД оставил видлива и позитивна трага во развојот на демократските и современите процеси во државата. Тој, исто така, изрази уверување дека пријателските односи и соработката ќе продолжат и во иднина.
Македонија
Утре без вода дел од Центар
Утре без вода ќе останат дел од корисниците од Општина Центар.
„Од ЈП Водовод и Канализација добивме известување дека на ден 14.01.2026 година ( среда ) поради поврзување на водоводна и хидрантска мрежа за стариот објект на Комерцијална Банка на плоштад Пресвета Богородица бр. 3 од страна на фирмата Бауер БГ, во периодот од 08.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат објектите на МНТ, Музичкото Училиште, Министерството за Транспорт и Врски, како и Управата за издавање на матични книги“, информира РЦУК – Скопје.
Македонија
Отворена нова подрачна канцеларија на Агенцијата за катастар во Општина Ново Село
Агенцијата за катастар на недвижности отвори нова подрачна канцеларија во Општина Ново Село.
Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Иван Живковски, денес заедно со градоначалникот на Општина Ново Село официјално ја отворија новата подрачна канцеларија на Агенцијата.
Со отворањето на оваа канцеларија, повеќе од 10.000 жители на Општина Ново Село и околните населени места од денес ќе можат побрзо и поедноставно да ги остварат своите катастарски права и обврски, без потреба од патување до Струмица.
Директорот на Агенцијата, Иван Живковски, при посетата на новата канцеларија истакна дека ова е дел од поширокиот процес на реорганизација и системско приближување на институцијата до граѓаните, со цел обезбедување подостапни, поефикасни и поквалитетни услуги.

