Македонија
Нимиц без нов предлог за името, бара надминување на спорот
Медијаторот во македонско-грчкиот спор за името, специјалниот пратеник на генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Метју Нимиц, во понеделникот по попладневната средба со македонскиот премиер Никола Груевски, изјави дека не донел нов предлог.
Медијаторот во македонско-грчкиот спор за името, специјалниот пратеник на генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Метју Нимиц, во понеделникот по попладневната средба со македонскиот премиер Никола Груевски, изјави дека не донел нов предлог.Разговорите со државниот врв на Република Македонија ги оцени како продлабочени, чијашто цел е изнаоѓање нови начини за одење напред. Медијаторот Нимиц, притоа изјави дека во разговорите со македонската страна препознал искрена желба за надминување на спорот со Атина.За евентуален нов предлог, Нимиц рече дека би размислил дури откако би ја посетил Атина и би ги слушнал ставовите на грчкиот државен врв.Нимиц порача дека надминувањето на спорот со името е и во интерес на регионот и е потреба и интерес на меѓународната заедница и на САД Запрашан дали до самитот во Чикаго на НАТО би понудил нов предлог, медијаторот на ОН во македонско-грчкиот спор за уставното име на Република Македонија, објасни дека никогаш не поставува крајни рокови и дека евентуалниот предлог ќе зависи од тоа дали има простор за такво нешто.Пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг, Нимиц не сакаше директно да ја коментира, меѓутоа порача дека таа се однесува на двете страни инволвирани во спорот, коишто треба да ја почитуваа согласно меѓународното право . За опсегот на разговорите, Нимиц, порача дека согласно документите на ОН, разговорите се однесуваат за името на државата. Според него, народот во „оваа држава има свој идентитет“ и не е негова работа да одредува нечиј идентитет./крај/мф/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Викендот со стабилно време, дожд се очекува од вторник
За време на викендот ќе се задржи стабилно и претежно тивко време, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Во сабота и недела времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и зголемена облачност. Ќе дува слаб ветер, претежно од југоисточен правец.
Минималните утрински температури ќе се движат од -3 до 2 степени, додека дневните максимални ќе достигнуваат од 6 до 13 степени.
Во текот на викендот во Скопје се очекува променливо облачно и тивко време, со појава на магла, особено во утринските часови. Минималната температура ќе се спушта до -3 степени, а максималната ќе достигнува околу 8 степени.
Според УХМР, стабилното време ќе се задржи до вторник, по што кон крајот на денот и во следните денови се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, а на планините и повисоките места врнежите ќе бидат од снег.
Македонија
Нема толеранција за узурпација: Скопје почна голема акција за расчистување на јавниот простор
Град Скопје започна сеопфатна акција за расчистување на бесправно изградените и узурпирани објекти, со цел заштита на јавниот интерес и обезбедување слободно, безбедно и достоинствено користење на јавните површини.
Како што информира градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, акцијата се спроведува без никакви отстапки и со јасна порака дека јавниот простор им припаѓа на граѓаните и мора да биде достапен за сите под еднакви услови.
„Нема толеранција кога узурпацијата на јавниот простор е во прашање. Започнавме голема акција за расчистување на бесправно изградените објекти и нема да има никакви отстапки“, напиша Ѓорѓиевски во објава на социјалните мрежи.
Тој посочува дека тротоарите, пешачките патеки и јавните простори не смеат да бидат заложници на лични интереси и дека повеќе нема компромис кога се во прашање узурпациите што го нарушуваат животот, движењето и безбедноста на граѓаните.
Според градоначалникот, акцијата ќе продолжи со силно темпо и ќе ја опфати целата територија на Скопје.
Воедно, тој ги повикува граѓаните активно да се вклучат и да пријават објекти што го окупираат заедничкиот простор, со цел да се изгради град во кој владеат ред, достоинство и еднаква пристапност за сите.
Македонија
Мицкоски најави две нови странски инвестиции од 80 милиони евра
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање, дали има најава за нови инвестиции во државата, информираше дека веќе има потврда за две нови странски инвестиции во вкупна вредност од околу 80-тина милиони евра.
„Па да, ние генерално, преговараме со многу компании коишто доаѓаат надвор од земјава, коишто ќе инвестираат во Македонија. Можам да потврдам дека веќе имаме потврда од две такви. Една турска, една германска, коишто вкупно ќе инвестираат околу 80-тина милиони евра. Извозот којшто двете заедно ќе го прават од Македонија ќе биде над 200 милиони евра и вкупно двете компании би требало да вработат некаде околу 1.000 вработени. Двете не се во автомобилската индустрија, туку во индустрија со висока технологија, што посебно нè прави горди“, изјави Мицкоски.
Премиерот очекува бројот на странски инвестиции во државата значајно се зголемат до крајот на годината.
„До крајот на годината очекувам уште најмалку три потврди, со што ќе го заокружиме овој циклус, а во следната година ќе продолжиме и на овој план да работиме, да ги поддржуваме домашните компании е наш приоритет, но, се разбира, и компании коишто доаѓаат од надвор, а коишто пројавуваат интерес да инвестираат тука, се добредојдени. Фокусот ни е малку да направиме диверзификација на тоа портфолио, да не биде само автомобилската индустрија, туку и ваков тип на инвестиции во висока технологија“, објасни премиерот.

