Македонија
На конкурс ќе се бира нов директор на Охридско лето
Министерството за култура деновиве по итна постапка ќе распише конкурс за избор на директор на националната установа фестивал Охридско лето, пишува интернет весникот „Ohridnews“.
Министерството за култура деновиве по итна постапка ќе распише конкурс за избор на директор на националната установа фестивал Охридско лето, пишува интернет весникот „Ohridnews“.Во меѓувреме по сите случувања и оставката на Васко Василески од раководната функција, привремено за в.д. директор е назначена Анита Алоска, вработена во установата. Таа по сила на закон ќе треба да ја достави завршната сметка на установата, која треба да ја разгледа управниот одбор, кој вчера се состана во Скопје за да ја разгледа новонастанатата ситуација.Покрај тоа што нема директор, фестивалот е и без селектори. Нејасно е дали ќе се избираат нови или програмата за 52-то издание на Охридско лето ќе се потпира на стари сили. Во било која варијанта, времето за подготовка е исклучително кратко.Дополнителен проблем за фестивалот се и наталожените долгови и финансиски обврски, за кои засега никој официјално не соопштува колку изнесуваат. А дека има проблеми несомнено потврдуваат и полициските контроли во фестивалот.Последните случувања претставуваат кулминација на наталожените проблеми во Охридско лето, кои со години наместо да се решаваат се игнорираат од надлежните институции, што несомнено придонесе за ваквите состојби кои негативно влијаат на реномето на најзначајната културна манифестација во земјава. крај/ohridnews
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, во вечерните часови повремен дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта во северните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно, во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на серија влажни воздушни бранови од утре во вечерните часови до понеделник следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни и во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m²).

