Македонија
Љубе Бошкоски јавно и’ се извини и на мајката на Груевски
Лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски од затворот „Идризово“ денеска јавно и се извини на Надежда Груевска, мајката на премиерот Никола Груевски за изречените клевети дека била сопственик на стан во Прага,
Лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски од затворот „Идризово“ денеска јавно и се извини на Надежда Груевска, мајката на премиерот Никола Груевски за изречените клевети дека била сопственик на стан во Прага, јавува МИА.
„Јавно се извинувам на Надежда Груевска за изречените клевети од моја страна, а кои се предмет на приватна тужба по која се водеше постапка пред Основниот суд Скопје 1. Јас на прес-конференција на 24 декември 2010 година изреков невистини дека е евидентирана како сопственик на стан во елитен кварт во Прага. Без оглед што за ова сум правосилно осуден за кривично дело клевета, чувствувам морална обврска и јавно да се извинам“ се наведува во писменото извинување на Бошкоски.
Во извинувањето, Бошкоски наведува дека невистините ги изрекол врз основа на информации и податоци кои во изминатиот период му биле подметнати од определен круг лица и жали за непријатностите што ги предизвикал со јавното изнесување на невистини за Надежда Груевска.
Бошкоски е осуден на седум години затвор за нелегално финансирање на изборната кампања, а претходно јавно им се извини и на директорот на УБК, Сашо Мијалков и на премиерот Никола Груевски, за како што рече во извинувањата, невистините што ги кажал за нив. /крај/миа/фф.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, во вечерните часови повремен дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта во северните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно, во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на серија влажни воздушни бранови од утре во вечерните часови до понеделник следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни и во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m²).

