Македонија
СЕЕМО: Потисната слободата на медиумите во Македонија

Македонија се движи кон цврста контрола на медиумите, оценуваат од Медиумската организација на југоисточна Европа (South East Europe Media Organisation) со седиште во Виена.
Македонија се движи кон цврста контрола на медиумите, оценуваат од Медиумската организација на југоисточна Европа (South East Europe Media Organisation) со седиште во Виена.
Од организацијата реагираат за спречувањето на новинарски екипи да ја проследат средбата на Поглаварот на Исламската верска заедница, Сулејман Реџепи и албанскиот амбасадор Арбен Чејку, како и за неможноста новинарите да ја проследат советничката расправа за буџетот во Општина Карпош.
„Забележувам загрижувачка тенденција да потиснување на слободата преку разни видови притисок“, вели Оливер Вујовиќ, генерален секретар на организацијата.
„Ги повикувам властите, локални и централни, да прекинат да вршат притисок врз медиумите и, наместо тоа, да покажат дека земјата е посветена на меѓународните стандарди“, вели Вујовиќ. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Опожарено возило во Аеродром

Во периодот од 01:40 до 02:40 часот, пожарникарите гаснеле запалено патничко моторно возило, на површина од 2м2 на булеварот Видое Смилевски – Бато, општина Аеродром.
Интервенцијата ја извршиле тројца пожарникари со едно возило. Материјалната штета изнесува 9000 денари, извести Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.
Македонија
Сарај и Кисела Вода денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
– Во периодот од 08:15 – 14:00 часот дел од село Кондово пред Медреса, општина Сарај;
– Во периодот од 09:00 – 12:00 часот делот позади Стаклара, општина Кисела Вода;
– Во периодот од 09:00 – 12:00 часот МВ Каменик, с.Усје, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска Кисела Вода и Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и Канализација – Скопје, информира дека денеска ќе има прекин на водоснабдување на улицата Невена Георгиева Дуња поради изведување на водоводен прикључок од Ф100.
Без вода ќе бидат корисниците од улицата Невена Георгиева Дуња, улицата Дренак, улицата Виктор Иго и улицата Драга Стојановска во општина Кисела Вода. Прекинот на водоснабдувањето ќе биде од 09 часот до завршување на санирарањето.
Oд 09 часот поради изведување на водоводен приклучок Ф100 мм на улица Демир Трајко 64а ќе има прекин на вода на следните улици Демир Трајко, дел од улицата Ванчо Мицков и булеварот Партизански Одреди на Крак 1, 3, 5, 7, 9, 11 до завршување на истиот, општина Карпош.