Македонија
МОН допрва ќе се изјасни за преименувањата на училиштата во Чаир
Министерството за образование и наука дополнително ќе се произнесе по однос на барањето на Општина Чаир за преименување на четири училишта на нејзината територија, откако за истиот случај ќе се изјасни Државниот инспекторат за локална самоуправа.
Министерството за образование и наука дополнително ќе се произнесе по однос на барањето на Општина Чаир за преименување на четири училишта на нејзината територија, откако за истиот случај ќе се изјасни Државниот инспекторат за локална самоуправа.
Ова во петокот го изјави министерот за образование и наука Панче Кралев, кој потврди дека таквото барање е доставено до нив.
„Барањата се доставени, меѓутоа, исто така, во тек е постапка од Државниот локален инспекторат, во однос на запазување на процедурата. Така да, од страна на министерството ќе почекаме да видиме дали инспекторатот ќе се произнесе по истиот случај, по што ќе продолжиме со постапката понатаму интерно во министерството“, изјави Кралев.
Со преименувањето се предвидува основното училиште „Рајко Жинзифов“ во иднина да се вика „Исмаил Ќемали“, „Никола Вапцаров“ да го носи името на Имри Елези, училиштето „Цветан Димов“ да биде преименувано во “Хасан Приштина“, а „Јане Сандански“ да го носи името на Јашар Бегда. /крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, во вечерните часови повремен дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта во северните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно, во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на серија влажни воздушни бранови од утре во вечерните часови до понеделник следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни и во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m²).

