Македонија
ДОМ предлага отворени листи и квоти за градоначалнички
„ДОМ предлага измени на Изборниот законик со отворени листи и квоти за градоначалнички. И двете измени би воделе кон унапредување на демократичноста и партиципативноста на нашиот изборен систем“, изјави Христина Оџаклиевска на прес-конференција во партијата.
„ДОМ предлага измени на Изборниот законик со отворени листи и квоти за градоначалнички. И двете измени би воделе кон унапредување на демократичноста и партиципативноста на нашиот изборен систем“, изјави Христина Оџаклиевска на прес-конференција во партијата.
Од ДОМ веруваат дека со слободните листи граѓаните би добиле поодговорни пратеници и општински советници, со многу поголем легитимитет и слобода на делување.
„ДОМ предлага во Изборниот законик да се внесе најлибералната верзија на отворени листи, со 3 до 5 гласови што гласачот може да ги даде на различни кандидати, дури и од различни листи. Тоа за гласачот би значела и поголема слобода за избор, но и поголемо влијание врз партиите и политичарите. Ваквиот модел на површина би ги извадил одговорните и разумни политичари, а истовремено би се излегло од црно-белиот свет на бипартизмот. Севкупно, политичката сцена во Македонија би добила на квалитет“, изјави Оџаклиевска.
“Со квотите за градоначалнички би добиле конечно избрани жени на овие влијателни позиции, со што ќе се прошири делувањето на жените во извршната власт на локално ниво, каде во моментов не фигурира ниту една жена! ДОМ веќе има поднесено предлог-измена на Изборниот законик во оваа смисла пред 2 години, но во тој момент не доби поддршка од ниедна партија, иако сите се согласија дека нешто треба да се стори. Со оглед на наближувањето на локалните избори, сметаме дека сега е време да го повториме нашиот предлог“, рече Оџаклиевска на денешната прес-конференција. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

