Македонија
Иванов му го честиташе на Тадиќ кандидатскиот статус на Србија
Ја поздравувам посветеноста и постигнатиот напредок и успех на Република Србија на патот кон пристапувањето на европското семејство
Ја поздравувам посветеноста и постигнатиот напредок и успех на Република Србија на патот кон пристапувањето на европското семејство, се вели во честитката што во петокот македонскиот претседател Ѓорге Иванов му ја упати на својот српски колега Борис Тадиќ, по повод добивањето статус кандидат за членство во Европската унија.„Денешниот ден претставува уште еден голем историски исчекор кон европската перспектива на земјите од Западен Балкан. Имајќи ја предвид мојата, но и на Република Македонија, голема посветеност на процесот на интеграции во ЕУ, се радуваме на Вашиот успех, тоа се добри вести за нашиот регион и позитивен сигнал и за останатите земји од регионот“, се вели натаму во дописот на Иванов.Македонскиот претседател изразува уверување дека Република Македонија и натаму е целосно подготвена тесно да соработува со Србија во поглед на европските интегративни процеси.„Европската идеја, обединувањето и интеграцијата, немаат алтернатива за напорите за натамошен просперитет, конечна стабилност и безбедност на регионот на Југоисточна Европа. Убеден сум дека нашите европски пријатели и партнери, во нивниот пристап кон Балканот, ќе останат доследни и принципиелни кон оваа идеја“, се додава во писмото на.Иванов до претседателот на Срија, Борис Тадиќ./крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

