Македонија
Адеми ги презентираше измените во законот за воздух
Измени во насока на редукција на емисиите во воздухот, особено за инсталациите кои подлежат на А интегрирана дозвола, со цел намалување на нивниот удел врз квалитетот на амбиентниот воздух.
Измени во насока на редукција на емисиите во воздухот, особено за инсталациите кои подлежат на А интегрирана дозвола, со цел намалување на нивниот удел врз квалитетот на амбиентниот воздух.Ова се предвидува со измените и дополнувањата на Законот за квалитет на амбиентен воздух, што денеска во Скопје ги презентираше министерот за животна средина и просторно планирање, Абдилаќим АдемиСо измените се очекува да постигне подобрување на спроведувањето на законот, а со тоа и подобрување на квалитетот на воздухот.Како што наведе министерот Адеми, предложените измени се во правец на допрецизирање на одредени дефиниции, допрецизирање на изворите на загадување на амбиентниот воздух, дополнување со критични нивоа како категорија за оценка на квалитет на воздух, подобрување на системот на одредување и класификација на зони и агломерации на територијата на Македонија, како и измени во делот на изработката на плански документи за подобрување на квалитетот на воздухот на локално ниво.„Согласно предлог-измените предвидено е за тие зони и агломерации каде што нивоата на загадувачките супстанции во амбиентниот воздух ги надминуваат граничните или целните вредности да се изработува план за квалитет на воздух, а за агломерациите каде постои ризик нивоата на загадувачки супстанции да надминат еден или повеќе од праговите за алармирање да се изработува краткорочен акционен план, со кој ќе се утврдат мерки што треба да се преземат на краток рок за идентификација на причините за настанатите појави или за времетраењето на надминувањата“, рече Адеми. Намалување на количествата испуштени загадувачки супстанци, предвидено е да се регулира до таа мера, да не учествуваат во загадувањето на воздухот повеќе од 25 отсто од пропишаните гранични вредности за квалитет на воздухот.Оваа предлог–мерка, како што појасни министерот за животна средина и просторно планирање, е во согласност со искуствата од некои земји, каде што редукциите на емисиите, помеѓу другото, се вршат и на тој начин што на изворите на емисии во воздухот им се пропишува колкав удел треба да имаат од целата концентрација на амбиентниот воздухот до граничните вредности за квалитет“, појасни министерот за животна средина и просторно планирање. „Измените и дополнувањата на Законот исто така значат и доусогласување на Законот со Директивата 2008/50 на Европскиот парламент и на Советот, за квалитет на амбиентниот воздух и за почист воздух за Европа“, истакна министерот Адеми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

