Македонија
Малолетници нападнати во автобуси и пред „Тинекс маркет“
Малолетници вчера биле нападнати од непознати лица од албанска националност во автобусите со број 64 и 57 и пред „Тинекс маркет“ на улица „Мирче Ацев“, соопшти МВР.
Малолетници вчера биле нападнати од непознати лица од албанска националност во автобусите со број 64 и 57 и пред „Тинекс маркет“ на улица „Мирче Ацев“, соопшти МВР.
Вчера околу 17,15 часот 5-6 непознати лица од албанска националност нападнале петнаесетгодишник од Скопје со клоци и тупаници во главата и телото. Малолетникот добил црвенило и оток на десното око.
Вториот напад се случил во 20.15 часот во автобус со број 64 кој сообраќал на релација од Скопје кон село Никиштане.
Кога автобусот пристигнал на последната станица две непознати лица од албанска националност напднале седмнаесетгодишник од село Волково. Му удриле еден шамар и еден бокс во десниот образ.
Според полицијата, нападот бил без повод и причина. Лицата му пришле на малолетникот го прашале од каде е и што бара таму и почнале да го удираат.Патниците во автобусот ги раздвоиле, а напаѓачите веднаш избегале.
Третиот напад се случил синоќа околу 23.30 часот на улица „Босна и Херцеговина“, на автобуската постојка пред старата општина „Бутел“ во автобус со број 57, кој сообраќал од Центар кон Радишани.
Десет до 15 непознати лица од албанска националност на возраст од 16 до 20 години претепале двајца малолетници, а на едниот му го раскрвавиле и носот.
Во трите случаи полицијата соопштува дека немало посебна причина за нападите. МВР работи на расчистување на случаите./крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево време со температута од 17 степени, за утре метеоролозите најавија повремени локални врнежи од дожд
Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 13 до 17 степени.
Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 17 степени, јавува УХМР.
Во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност, освен во четврток кога ќе има повремени локални врнежи од дожд. Утре и во четврток по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos

