Македонија
Гостиварец сакал да прошверцува 38.000 евра

Гостиварец на 29- ти минатиот месец се обидел да прошверцува 38.000 евра сите во апоени од по 500 евра, соопшти МВР.
Гостиварец на 29- ти минатиот месец се обидел да прошверцува 38.000 евра сите во апоени од по 500 евра, соопшти МВР.
При контрола на граничниот премин „Богородица“ бил запрен автобус марка Мерцедес, кој сообраќал на релација Македонија-Грција-Турција. При детален преглед на патниците, кај еден од нив, во неговата патна торба, била пронајдена непријавена и сокриени поголема сума девизни средства, евра.
„Поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело – “перење пари и друга противправна имотна корист“, а со оглед на дополнителниот факт дека А.З. не поседувал никаков документ за потекло на средствата (ниту од царина, ниту од менувачница или банка) паричните средства се одземени со потврда за привремено одземени предмети а против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава“ се вели во соопштението на МВР./крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Независниот синдикат на полицијата најави протест: Основната плата на полицијата не може да биде под минималната плата во државата

Независниот синдикат на полицијата денеска со почеток од 12.00 часот на раскрсницата Мавровка кај судовите ќе одржи полициски протест.
„Полициската плата е составена од основна плата и зголемување од 30%. Основната плата на полицијата не може да биде под минималната плата во државата. Бараме воедначување на судската пракса на апелациониот суд Скопје со Апелационите судови од Битола и Гостивар кој го потврдуваат нашето барање. Протестот ќе започне пред судовите, ќе се одржат кратки говори и ќе се упатиме пеш кон судскиот совет“, велат од Независниот синдикат на полицијата.
Од таму најавија и прес-конференција исто така на раскрсницата кај Мавровка во 12.15 часот.
Македонија
Ѓорче Петров и Аеродром денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
· Во периодот од 09:00 – 10:00 часот дел од корисниците од село Кучково кон Манастир, општина Ѓорче Петров;
· Во периодот од 09:00 – 12:00 часот дел од корисниците на улицата Гаврил Констатиновиќ (околу бр.57), општина Аеродром;
· Во периодот од 09:00 – 10:00 часот корисниците од улицата Алексо Демниевски 17, 11 и други куќи во близина, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно со пороен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12, а максималната ќе достигне од 17 до 25 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 25 степени.
Времето во наредните денови
Во следните денови времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд.