Македонија
Девојка пронајдена мртва во битолско село
Девојка на возраст од 22 години попладнево околу 13.30 часот била пронајдена мртва во близина на битолското село Древник.
Девојка на возраст од 22 години попладнево околу 13.30 часот била пронајдена мртва во близина на битолското село Древник.
Од СВР Битола го потврдуваат случајот и велат дека девојката, која живеела во ова село, ја пронашол случаен минувач.
Нејзиниот татко утрово околу 11.30 часот пријавил во полиција дека неговата ќерка исчезнала и дека не се вратила дома од вчера.
Од полицијата се уште не откриваат детали бидејќи увидот на лице место се уште не е завршен. Треба да се утврди како починала девојката и дали на нејзиното тело има траги на насилство.
Инаку вчера во скопско и во Ресен беа пронајдени три човечки трупа. Жител на Зелениково вчера пријавил дека во атарот на селото бил пронајден труп во фаза на распаѓање.
Вториот случај е пријавен на улицата „Сава Ковачевиќ“ во Скопје, каде 68-годишниот Трипун А. бил пронајден мртов во бунарот во неговиот двор.
Вчера беше пронајдено телото и на ресенчанецот Љупчо Д. кој подолго време се водеше како исчезнат.
Бил пронајден на местото „Долна бела нива“ на патот Ресен-село Златари. Починал од смрзнување./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

