Македонија
Позорникарите се враќаат на улиците

Се враќаат позорникарите од минатото, овој пат како офицери за превениција.
Се враќаат позорникарите од минатото на скопските улици, овој пат како офицери за превениција.
Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска денеска имаше состанок со старешините од секторот за внатрешни работи од Скопје на кои ги финализираа реформите на територијата на Скопје.
Со овие реформи бројот на дежурните полицајци на терен ќе се зголеми за над 50 отсто, а граѓаните ќе имаат можност почесто да комуницираат со полицајците кои ќе се движат во нивната населба.
„Наместо досегашната практика, кога десет полициски станици работеа со исто работно време и ист интензитет, а за сметка на тоа имавме помал број на дежурни полицајци на терен, овој пат одиме со реорганизација по принципот дежурни полициски станици, каде што за почеток на територија на Скопје ќе имаме три дежурни полициски станици најверојатно Гази Баба, Кисела Вода и Карпош, а останатите полициски станици ќе функционираат на систем на патроли“ изјави Јанкулоска.
Со ова, во текот на ноќта од вкупно 10 ќе работат само трите полициски станици. Останатите полициски станици ќе функционираат двосменски во текот на денот.
Ова следува по барањето на граѓаните да се вратат позорникарите од минатото, поплаките за брзината на реакцијата на полицијата и за можноста за непосредна и директна комуникација со полицијата на терен.
„Ќе овозможиме полициските патроли да бидат онаму каде што се граѓаните и да бидат спремни за брз одговор. Тоа значи дека во услови кога ќе имаме за над педесет проценти повеќе полицајци на терен полицискиот службеник ќе може да стигне на лице место каде што е потребна интервенција или каде што е потребно да се регистрира или направи увид за одреден настан во многу пократок рок“ вели Јанкулоска./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Многу топло време со температура до 41 степен, попладне услови за пороен дожд и грмежи

Денеска времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локална појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер од југозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 41 степен.
Во Скопје, сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 40 степени.
Времето во наредните денови
Во вторник ќе се задржи многу топло време со дневна температура наместа и над 40°C. Во попладневните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.
Ќе дува умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Во среда, а особено во четврток поради продор на посвежа воздушна маса од север ќе има значително опаѓање на дневната температура. Ќе дува засилен северен ветер, а претежно во северните делови ќе има повремен дожд.
Македонија
(Видео) Ангелов: Mожна причина за пожарот кај Блаце е фрлен отпушок од цигара од возило во движење или намерно потпалување

Два полициски хеликоптера, еден армиски хеликоптер, еден Хермелин со цистерна на ДЗС, еден Пинцгауер на ДЗС и едно теренско возило „амарок” на ДЗС, дејствуваат како поддршка на скопската Бригада за противпожарна заштита која со повеќе пожарникари и возила го гаси големиот пожар на отворен простор на територијата на општина Чучер Сандево над магистралниот пат Скопје – Блаце кој изби вчера во попладневните часови.
„Од мое непосредно забележување можам да кажам дека овој пожар изби непосредно до магистралниот пат кон Блаце и можна причина е фрлен отпушок од цигара од возило во движење или намерно потпалување“, вели директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.
Тој апелира до граѓаните да се однесуваат совесно и никогаш да не фрлаат отпушоци од цигари надвор од возило, дури и тогаш кога се убедени дека се изгаснати.
Доколку забележите пожар веднаш јавете на бројот 112.
Македонија
Пожарот зафати само надворешен дел од дворот на Психијатриската болница Бардовци, нема причина за загриженост, велат од МЗ

По пожарот што вчера зафати дел од тревна површина во дворот на ЈЗУ Психијатриска болница „Скопје“, Министерството за здравство ја информира јавноста дека ситуацијата е целосно ставена под контрола и нема причина за загриженост.
Од безбедносни причини, во краток временски период беше спроведена превентивна евакуација на дел од пациентите и вработените. Навремената и координирана интервенција на надлежните служби спречи проширување на пожарот кон болничките објекти. Не е причинета никаква материјална штета врз објектите и не се регистрирани повредени меѓу пациентите и персоналот.
Пожарот зафати само надворешен дел од дворот, обраснат со сува трева и истиот е успешно локализиран.
Во објектите на болницата има присутен дежурен медицински и административен персонал и активно ќе ја следат состојбата.