Македонија
Фуле: Пристапниот дијалог ќе ги зајакне реформите
Пристапниот дијалог на високо ниво на Македонија со Европската Унија ќе ги зајакне реформите потребни за натамошната интеграција на земјата во унијата.
Пристапниот дијалог на високо ниво на Македонија со Европската Унија ќе ги зајакне реформите потребни за натамошната интеграција на земјата во унијата.
Ова е пораката што еврокомесарот за проширување Штефан Фуле ја упати по средбата со вицепремиерот за европски прашања Теута арифи, по нивната средба во вторникот во Брисел.
Уверува дека комисијата е посветена во поддршката на земјата во реформските напори.
„Стартуваме со Пристапниот дијалог на високо ниво во Скопје на 15-ти март. Тоа ќе даде поддршка на нашите односи и ќе ја зајакне нашата соработка во однос на реформската агенда, особено во петте приоритетни области, како што се слободата на изразување, владеењето на правото, реформата на јавната администрација, изборната реформа и економските критериуми. Ги повторив нашите очекувања во однос на натамошните напори овие пет области да се движат напред заедно со демократските реформи и трансформација. Напредокот во овие области ќе ја зајакне европската перспектива на земјата. Верувам дека патот за одење напред е чист. Новиот Пристапен дијалог на високо ниво и другите мерки ќе го зајакнат реформскиот моментум“, смета Фуле. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

