Македонија
Бесими: Без разлика на исходот во Чикаго, НАТО останува приоритет
Без разлика на исходот на НАТО-самитот во Чикаго, нема да има промени во нашите заложби за евроатланското интегрирање, вели министерот за одбрана Фатмир Бесими, кој во средата ја отвори тркалезна маса „Македонија, Регионот и Евроатланските интеграции“.
Без разлика на исходот на НАТО-самитот во Чикаго, нема да има промени во нашите заложби за евроатланското интегрирање, вели министерот за одбрана Фатмир Бесими, кој во средата ја отвори тркалезна маса „Македонија, Регионот и Евроатланските интеграции“.
Бесими вели дека работата на реформите и заложбите за членство во НАТО не се поврзани директно со самитот во Чикаго.
„Секој ден работиме на тоа до Чикаго и по Чикаго. Независно дали на тој ден ќе има проширување или не, веќе Република Македонија има отворена покана. Доколку се реши политичкото прашање меѓу Македонија и Грција, независно од самитите, тоа може да се формализира согласно процедурите на НАТО и земјите-членки за ратификација во одредени држави. Меѓутоа, тоа е ситуација која е позната за нас. Ние работиме на оваа тема. Чикаго е една добра симболика, доколку тоа се постигне на тој ден. Меѓутоа, тоа нема да ги промени нашите позиции и заложби за евроатланска интеграција“, изјави Бесими.
Едно од можните сценарија на самитот, според поранешниот министер за одбрана Трајан Гоцевски, може да биде, како што ја нарече – врзана одлука за прием, односно покана на членство да биде врачена со одреден рок за надминување на спорот со името.
„Република Македонија да добие рок за кој ќе треба да се реши проблемот наметнат од Грција, а Република Македонија да го добие документот како покана и да го отпочне процесот на интегрирањето во НАТО. Знаеме дека по добивање на поканата Грција има можност да нé блокира уште во три-четири наврати, бидејќи документот за интеграција подлежи на прифаќање од владите на сите земји-членки, потоа мора да го прифатат парламентите и на крајот претседателите на државите треба да го потпишат тој документ. Значи Грција има можност Македонија на некој начин да ја присилува побрзо да го реши тој проблем, но европски и цивилизациски е Република Македонија да ја добие поканата, бидејќи мојата процена е дека на долга патека неинтегрирањето во НАТО и во ЕУ може да предизвика поприлично тензии во регионот“, рече Гоцевски.
За екс-министерот за одбрана Владо Бучковски, работите зависат од Македонија. Бара државното раководство да покаже активна политика и иницијатива и да понуди издржано решение.
„Јас сум убеден, ако постои подготвеност од наша страна да понудиме решение коешто би било издржано, дека чудата се можни“, вели Бучковски.
Според холандската амбасадорка Мариет Шурман, која заедно со амбасадорите на земјите-членки на НАТО учествуваше на денешната конференција, важно е од вид да не се изгуби целта за попросперитетен и подобар живот преку интегрирањето во евроатланските структури.
„Важно е да не ја изгубиме од вид целта. На крајот, целта е подобар, попросперитетен и безбеден живот за сите граѓани на оваа земја, на регионот, Европа и на светот. Да, подобриот свет почнува од дома. Почнува со реформите што Македонија ги презема, вклучувајќи ги одбранбените реформи, но и напорите во однос на регионална соработка и добрососедските односи очигледно се важни. Учеството на Македонија во мировните мисии низ светот се високо ценети“, рече Шурман. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

