Македонија
Судскиот совет избираше, разрешуваше и пензионира две судијки

Судскиот совет на Република Македонија денеска одржа седница на која донесе неколку одлуки. Членовите одлучија да се поведе постапка за утврдување на нестручно и несовесно вршење на судиската функција на судија на Основниот суд Велес, како и изрекување дисциплинска мерка на судија
Судскиот совет на Република Македонија денеска одржа седница на која донесе неколку одлуки. Членовите одлучија да се поведе постапка за утврдување на нестручно и несовесно вршење на судиската функција на судија на Основниот суд Велес, како и изрекување дисциплинска мерка на судија на Основен суд Штип.Поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција на судија на Основен суд Дебар и Велес донесени се одлуки за нивно разрешување. Членовите избраа нови судии, и тоа за Гостивар Павле Рафајлоски, а судот во Куманово Миодраг Величковски, а во скопскиот Кривичен суд нови судии се Даниела Алексовска Стојановска и Шпреса Граинца Османи. За судија во апелациониот суд во Гостивар е избран Шефајет Хајдари. Судскиот совет изгласа и избор на тројца претседатели на судови, и тоа во Дебар – Мерсим Марку, во Кочани – Дарко Ристов и за охридскиот суд Милчо Клишески. На крајот. Советот донесе одлука за пензионирање на две судијки од Скопје, Цветанка Кузмановска од Основен 2 и Весна Босотова од Кривичниот суд. /крај/со/км
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Арсовска до амбасадорката Агелер: „Не ви е малку незгодно во листата на ВИП гости што ви беа лица кои треба да ви се на црна листа на санкции“

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска преку социјалните мрежи упати прашање до американската амбасадорка Анџела Агелер.
„Добро утро Амбасадорке Агелер, среќен нека е денот на независноста на САД.
Само да прашам, не ви е малку незгодно во листата на ВИП гости вчера што ви беа лица кои треба да ви се на црна листа на санкции.
Овие двајцава незгодно насмеани на фотографијава, за кои имаат институциите цврсти докази за криминал во најмалку 152 случаи и за кои се спроведуваат сериозни истраги во моментов, наместо да ви се на црна листа на санкции на САД насочени против поединци и бизниси вклучени во корупција и нарушување на човековите права, ви беа во прв ред во Амбасада вчера.
На листа на санкции со децении се наоѓаат лица ПОРАДИ НАВОДИ за корупција и поткопување на демократските процеси, меѓу нив се наоѓаат политичари, поранешни премиери и министри, градоначалници, судии, а САД ги санкционираат таквите поединци како дел од напорите за промовирање одговорност и борба против корупцијата во регионот на Западен Балкан“, напиша Арсовска.
Македонија
Делови од Гази Баба и Кисела Вода денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 09:30 часот, корисниците од село Инџиково од улиците: 3, 7, 14, дел од ул. 10 и дел од ул. Маџари. (Општина Гази Баба)
· од 08:30 до 15:30 часот, корисниците од дел од ул. Студеничанска и дел од ул. Драчевска. (Општина Кисела Вода)
· од 09:30 до 13:30 часот, корисниците од ул. Добре Ивановски, и дел од ул. 22 во нас. Инџиково. (Општина Гази Баба)
Македонија
Денеска максималната температура до 38 степени, од утре потопло

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 38 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на сончево и топло време со мала до умерена облачност.
Температурите ќе бидат во постепен пораст, особено од четврток до средината на наредната седмица кога дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе надмине 40°C. Во недела во попладневните и вечерните часови ќе има услови за локална нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.