Македонија
„Аџибадем Систина”– супер бренд на годината
Клиничката болница „Аџибадем Систина” е избрана за супер бренд на годината, соопшти во петокот соопшти главниот извршен директор на болницата ,Јордан Камчев.
Клиничката болница „Аџибадем Систина” е избрана за супер бренд на годината, соопшти во петокот соопшти главниот извршен директор на болницата ,Јордан Камчев. „Да се биде бренд значи вашиот идентитет да биде синоним за квалитет да се биде успешен значи да се биде уникатен, значи да се работи со љубов и целосна посветеност. Ние тоа го докажавме. До ега во ’Аџибадем Систина’ спасени се илјадници животи, донесени се нови илјадници животи, воведени се низа нови процедури и интервенции и имплементирани се низа светски стандарди за здраствена заштита. Создадовме модел за работа кој во фокусот го постави пациентот”, рече Камчев. Тој најави дека е во тек изградба на нов дел од болницата каде ќе се прошири дејноста на болницата со нови оддели, како што се онкологија, педијатрија како и стационарен дел. Д-р Никола Панчевски, медицински директор на болницата, истакна дека само последната година биле регистрирани нови 30 илјади пациенти и биле направени четири илјади операции. Тој најави дека во болницата ги следи светските трендови, па така ќе водведе петскен – односно дијагностицирање на малигни заболување уште во самиот почеток. Болницата, за оваа намена, гради бункер каде ќе бидат сместени апаратурите за зрачење и лекување на болните од малигни заболувања. „Поминаа 12 години. Тогаш, во 2000 година, за да успее еден бренд, требаше да има два услова. Едниот услов да се соберат неколку малди луѓе специјалисти да имаат амбиција, да се откажат од зачмаеноста и тромоста на Клиничкиот центар и да имаат храброст која се граничи со лудост. Втората работа беше да имаа успешен бизнисмен кој размислува дест години нанапред, кој исто така има храброст која се граничи со лудост”, зборуваше д-р Слободан Лазравески, основач и шеф на одделот за асистирана репродукција за успешната приказна на проектот Систина. „Почна проектот за кој многуминаа не веруваа дека ќе успее и ни велеа купете автомобили со четири врати оти ќе бидете такси-компанија на пропаднати доктори. Но ние работевем и се усовршувавме и кога сфатија дека сме сериозни, почнаа опструкции и притисоци, но не можеа да не уништат, бидејќи ние ја имавме довербата на пациентите”, рече д-р Лазаревски. Супер бренд е меѓународна организација специјализирана за брендинг, активна во 88 земји во светот. Болницата „Аџибадем Систина “ ги исполнува светските стандарди за проценка односно квалитет , сигурност, различност и емотивна привлечност, и затоа го добие признанието Супер бренд./крај/мф/км
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.
Македонија
(Видео) Филипче: Врските на Стоиљковиќ со Москва и кинеските кредити се сериозен сигнал
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по обраќањето на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, оцени дека пораките упатени од највисоката адреса на Алијансата се јасни и недвосмислени и директно се однесуваат на актуелната влада. Филипче вели дека врските на вицепремиерот Иван Стоиљковиќ со структури блиски до Москва како и кинеските кредити претставуваат сериозен сигнал за загриженост.
„Фактот дека вториот човек во Владата има отворени контакти со лица и организации кои се во директна комуникација со Кремљ, во време кога Русија води агресија врз Украина, е нешто што не може да се игнорира“, нагласи Филипче.
Тој посочи и на финансиските аранжмани на Владата, потенцирајќи дека заемот од една милијарда евра преку Унгарија, за кој европските институции во свој извештај нотирале дека станува збор за средства со кинеско потекло, отвора сериозни прашања.
„Кога на тоа ќе се додадат и кинеските пари кои пристигнаа преку заемот од Унгарија, станува јасно дека станува збор за политики кои испраќаат погрешни сигнали во рамки на Алијансата. Нашиот одбранбен чадор знае точно какви политики води оваа влада и јасно укажува на нив“, истакна Филипче.
Македонија
Утре променливо облачно време со температура до 17 степени
Утре претпладне времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, информира УХМР.
Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 13 до 17 степени.
Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност, освен во четврток кога ќе има повремени локални врнежи од дожд. Утре и во четврток по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла.

